„Во Собранието во моментов се врши озаконување на криминалот. Тоа Собрание на некој начин стана тезга за жал, не е претставнички дом на граѓаните. Не се носат одлуки во интерес на граѓаните, туку се носат одлуки во интерес на една криминална структура во раководство на СДС и на ДУИ. Тоа се неколку луѓе кои што ја имаат заробено институцијата, и Влада на Република Македонија и Собрание на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.
Ковачки додаде дека Собранието е во функција на СДС и ДУИ, а не во функција на граѓаните.
Ковачки посочи дека по изборите, со победата на ВМРО-ДПМНЕ конечно Собранието ќе стане дом на граѓаните.
„Од власта не сакаат да зборуваат за криминалот, не сакаат да зборуваме нефункционалното здравство, не сакаат да зборуваат нефункционалното образование. Книги немаат децата до ден денеска, а заврши учебната година“, нагласи тој.
Тој посочи дека коалицијата на власта се распадна. Излезе Алтернатива, излезе ДС, Достоинство најави дека ќе излезе. А, ситуацијата со ДОМ се уште не се знае.
„Бујар Османи кој што ги водел преговорите, кои што ги потпишувал овие срамни протоколи гледате дека нема никаква заинтересираност да му помогне на својот сосед Македонец. ДУИ, Бујар Османи, компанија тие што се во власта тие не работат за доброто на Македонија, а тоа сите го знаат. Тие луѓе од ДУИ се во Македонија и во македонската политика, и во македонските институции за да ги разградат. Тие не им мислат добро на Македонија. Тоа треба секој еден да го знае“, рече Ковачки.
„Значи не се дојдени во македонската политика да и помогнат на државата. Тие се тука да ја разградат. Сите знаеме зошто тоа го прават. Бујар Османи воопшто не го интересира тоа што го има прифатено и тоа што го има потпишано во Протоколот и колку тоа мене како Македонец ме боли. Еве нека се стави во обратна ситуација што досега ќе имаше од другата страна. Тоа треба да се запраша“, нагласи тој.