11.09.2022

Ковачки: Ги повикувам сите граѓани и општествени чинители, без разлика на партиска припадност, да излезат и да го поддржат Референдумот, ова е национално прашање, треба да го зачуваме идентитетот

-Станува збор за надпартиско прашање, станува збор за национално прашање и од ова место ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, сите општествени чинители да ни се придружат во собирањето  односно во поддршката на нашата Иницијатива. Она кое можам да го кажам е дека ние очекуваме тој Референдум да биде успешен, истакна Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки во своето гостување во вестите на Сител.

Тој во текот на своето гостување побара власта да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.

-Меѓутоа овде сакам да разбијам и една стигматизација која што се прави ете на некој начин се фрла една дамка на овој искрен пристап за зачувување на македонскиот идентитет и историја, а тоа е дека ова власта кое што го кажува и некои структури на власта кои се обидуваат да го оцрнат референдумското прашање и целиот процес на Референдум. Сакам да направам една паралела со Преспанкиот Договор. Имаше Референдум и власта го прогласи како успешен со неколку стотици илјади гласови каде прогласи победа иако знаеме каков беше резултатот, така иако не успеее, а јас верувам дека ќе успее, ќе ја повикаме власта да постапи на ист начин како што постапи со Преспанкиот Договор односно да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.

Во текот на своето гостување Ковачки потсети дека ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со Референдумот да се се одржат предвремени парламентарни избори и на предвремени претседателски избори за да не се прават дополнителни трошоци и да се одбранат националните интереси.

– Ние во моментот бараме предвремени избори не само парламентарни, туку бараме на ист ден да одиме и на Референдум, бараме и на ист ден да одиме и на предвремени парламентарни избори, да одиме  и на предвремени претседателски избори затоа што гледате дека во последно време претседателот се изгуби во функцијата која што му е доделена, за која го гласаа граѓаните и не е во сотојба да ги брани македонските национални интереси. Цениме дека на еден ист трошок, значи да не се прават дополнителни трошоци за граѓаните, тоа да го направиме, сите овие избори да ги оргазираме на еден ист ден, додаде тој.