-Мојата оцена е дека Гордана Силјановска Давкова во моментот е најдобриот можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и секако многу подобар она што ривалите го нудат на овие избори, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер.
Клековски во текот на своето гостување се осврна и претходната како и на сегашната кандидатура на Силјановска Давкова и објасни што е она што ја прави нејзе подобар кандидат.
-Она што мислам дека прави голема разлика од минатата кандидатура и сегашната е четиригодишниот мандат на Силјановска во Собранието, затоа што тоа е секојдневна работа, сте вклучени во законодавниот дом каде што се носат законите, каде што се дискутира за политиките, каде што ги запознавате луѓето. Исто така плус сте и во некоја комисија за односи со некое друго собрание-имате комитети заеднички со Шведска и додавате едно портфолио на лични комуникации, кажа тој и додаде:
-Она што за мене е неприкосновено и пред 5 години и сега е дека Гордана Силјановска Давкова е подобра од она што ќе биде понудено или веќе е понудено од другата страна и како интелект и како интегритет.
Клековски укажа дека говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата бил говор кој долго време се нема слушнато од кандидат за оваа функција.
Сите го слушнавме говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата и јас мислам дека јас долго од кандидат за таа функција немам слушнато толку содржајно обраќање. Таа толку добро го владее уставот и проблемите што произлегуваат од уставот, истакна Клековски.
На крај Клековски потенцираше дека тој е сигурен дека Силјановска Давкова нема да кажува и употребува лаги како Пендаровски.
-Јас сум сигурен дека Гордана Силјановска Давкова нема да лаже како Стево Пендаровски. Еве последната изјава на Пендаровски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги впиши Македонците во бугарскиот устав он ќе станел член на ВМРО-ДПМНЕ. Јас одговорно тврдам дека и можеме да пребараме во архивите дека нема никаде изјава и став на ВМРО-ДПМНЕ дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги впиши Македонците во бугарскиот устав. Барање на ВМРО-ДПМНЕ е да Бугарија покаже минимум политичка волја и да дозволи слободно организирање на организациите на Македонците од Бугарија, согласно меѓународни договори, значи не бараме ништо нереално и невозможно, порача Клековски.