15.06.2023

Клековски: Дека ВМРО-ДПМНЕ сменило став е спин на Владата, ВМРО-ДПМНЕ од почеток ги гледа националните интереси

„Дека ние сме сега смениле став е спин на Владата. Значи ние пред два месеци ми се чини имавме предлог кој што исто така беше со Бугарите во преамбулата, тоа беше да го прифатиме хрватскиот модел, значи тогаш никој не викаше леле ВМРО-ДПМНЕ се согласи Бугарите да бидат во Уставот. Едноставно се помина преку тоа како никој да не го слушнал бидејќи на многумина не им одговараше да го слушнат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ВМРО-ДПМНЕ од почеток ги гледа државните интереси, националните интереси, е за евроатлантски интеграции, е за напредок кон ЕУ, меѓутоа бараме да се осигураат и другите важни работи“, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Клековски додаде дека првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше хрватскиот модел. Тој предлог од власта беше одбиен, премолчен.

„Потоа излеговме со два нови предлози, едните се инстантни сега дека можеме да направиме широка коалиција без ДУИ, и да ги донесеме уставните измени со одложена примена. Одложената примена ни гарантира дека нема да имаме нови уцени“, рече тој.

Тој посочи дека вториот модел е со избори каде што ВМРО-ДПМНЕ кажува со што би настапиле на изборите. Без сет на национални, политички и економски мерки ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати измени во Уставот.

„Во националните мерки спаѓа Бундестаг, Германија, САД, плус сакаме од Бугарија барем малку добра волја. Бараме економски пакет да следи, ама конкретен, а не ветување за бесплатно здравство. И трето бараме политичка поддршка за Влада без ДУИ“, појасни Клековски.