27.03.2024

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот, уставни измени под бугарски диктат нема!

Да нема никакви дилеми, евроатланската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ е неспорна. Прашањето е кој патоказот, балансот и компромисот кој што треба да се направи на тој пат, вели Сашо Клековски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна.

Клековски истакна дека ставот на партијата за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата останува непроменет, а тоа е дека нема да прифатат уставни измени под закани и уцени.

Ние јасно го отфрливме францускиот предлог и нашиот став по тоа прашање е непроменлив. Уставни измени и заклучување на етничките Бугари во Преамбулата под уцени и диктат нема да се случат.

Клековски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи државата кон изолација и додаде дека тие во минатото дале три предлози кои што биле неприфатливи од страна на актуелната влада.

Ние и претходно дадовме повеќе опции кои се за нас прифатливи. Првата беше премолчена од повеќе политички фактори, а тоа е измена на уставот по хрватскиот модел. Втората опција е стапување на сила на измените на Уставот со членството со ЕУ, за да се оневозможат понатамошни уцени. И третата опција беше знак на добра волја на Бугарија. Ние не бараме реципроцитет Македонците да се внесат во уставот на Бугарија, ние бараме да се почитуваат пресудите на Стразбур и да се овозможи формирање на здруженија на Македонците во Бугарија, посочи Клековски.