13.06.2023

Клековски: Владата од се ќе се откаже но од власта нема да се откаже, затоа не распишува предвремени парламентарни избори

„Јас немам информации за таков контакт што вели СДСМ. Јасно е дека овие прашања треба да се решаваат на повисоко ниво, а не со јавување на некој телефон во партијата“, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„Денес го слушам министерот за надворешни работи каде вели дека бара верификација на имотите на политичарите, а јас не гледам каква врска има тоа со уставните измени“, рече Клековски.

Тој укажа дека тоа Османи што го говори е за дефокус од предлозите што беа посочени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што е заедничко на двете барања на ВМРО-ДПМНЕ е ДУИ да не биде дел од Владата. И тоа не е дефокус“, заклучи тој.

Клековски рече дека Владата од се ќе се откаже но од власта нема да се откаже.

„Ако се откажуваат од сето ова што го кажуваат, зошто не одиме на избори и нема веќе да бидат ниту премиери, ниту вицепремиери, ниту министри“, нагласи Клековски.

Клековски посочи дека владата кога и да оди на избори ќе изгуби од граѓаните. Граѓаните веќе не веруваат на оваа Влада.