амалгам за единството на целата пратениќка група.Нема отстапување од ставовите.КУРИР: Надворешната политика е само една тема, но проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани се многубројни. Мислите ли дека се потребни предвремени парламентарни избори за да излеземе од општата негативна ситуација во која живееме?Лефков: ДУИ и СДС ја осиромашија, ја презадолжија и ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа. Наместо силни институции крими-коалицијата гради култови за силни поединци од својата партиската елита.Метастази во судството, запоседнување на судски, јавно обвинителски позиции, тајни мулти-милионски договори, пасоши на криминалци, злоупотреби на ЕУ знаменце, руинирано образование и клекнато на колена здравство.Одговорноста е мисловна именка за функционерите на ДУИ, “крив е кабелот“, неправда дополнета со национални понижувања на секој чекор.На Македонија и е потребно единство и прочистување од корупцијата и криминалот, не може да зборуваме за силни институции, за владеење на правото, за правна држава, за економија, кога државата буквално ни е киднапирана и е водена од луѓе без легитимитет.Суверенитетот произлегува од народот, затоа се потребни избори час поскоро, гледаме дека за ден повеќе на власт, неизбраниот кираџија е подготвен на се, ама тоа само ќе го направи подот уште посилен!Знаете како велат Виновниот и од сенката се плаши!-Епа да им порачам дека и нашите сенки ќе се борат со непријателите на Македонија!