Ацо Ристов, градоначалникот на општина Радовиш од трибината „Промени што носат иднина во југоисточниот регион“ организирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека прво нешто откако дошол како градоначалник на општина Радовиш било реорганизација во јавната администрација, за да може еднолинискиот систем да се претвори во функционален систем каде што сите сектори меѓу себе ќе се координираат и работат. Како резултат на тоа се покренати повеќе иницијативи, покренати се повеќе проекти за реализација.
„Би започнал прво со капиталните објекти бидејќи тоа за граѓаните значи најмногу. Радовиш во периодот што е пред нас за месец дена ќе започне со изградба на првиот капитален објект, а тоа е градскиот пазар со катна гаража, која што беше барање на 85% од граѓаните, како прв приоритетен објект. Ова ќе го реализираме со сопствени средства преку кредитна линија и со финансирање со бизнисот. И ова ќе остане како еден од проектите кои што ќе ги задоволат потребите како на бизнисот така и на земјоделците“, појасни Ристов.
Тој посочи дека втор капитален објект кој што е во фаза на проектирање и кој што е ветен на граѓаните е недостатокот на рекреативен центар во Радовиш. Обезбедени се средства за рекреативен центар со спортски објекти наречен „Воденица“. Најверојатно следната година ќе започне со изградба. Радовишани ќе добијат современ парк.
„Најмногу ги мачи граѓаните од Радовиш е моменталната енергетска состојба, и ние тука имаме веќе проект во реализација, т.н. Green Heat односно замена за греењето во сите јавни институции во град Радовиш со помош на нови извори на електрична енергија, тоа е грант од ЕУ во вредност од еден милион евра. Ние преку овој грант ќе обезбедиме греење и електрична енергија за сите училишта, јавни објекти, спортска сала. И вишокот на енергија ќе го компентизираме со потрошувачката со јавното осветлување и се надевам дека во годините пред нас овие ослободени средства ќе ги реинвестираме изградба на инфраструктурни проекти“, нагласи градоначалникот на општина Радовиш.
Тој додаде дека од инфраструктурни проекти направени се 6 улици, канализации, водоводи, кои што се многу значајни за живеењето на локалното население. Тоа се улици кои што овозможуваат развој на нови урбани средини, на нови урбани зони каде што се градат нови станбени објекти, така да Радовиш започнува пак да се развива.
„Од инфраструктурата исто така покренати се објекти во делот на заштита на животната средина, овде Радовиш е еден од градовите кој што има своја пречистителна станица, и која што е во функција. Значи ние се грижиме за животната средина. Спроведовме повеќе акции на пошумување и на расчистување. И она што е најважно полека сакаме ресурсите на цврсто гориво да ги замениме со нови извори на енергија“, рече Ристов.
Тој појасни дека целта е Радовиш за четири години да биде енергетски независен град. А, тоа значи да се користат сите оние ресурси кои што ги дала природата, односно вода и сонце.
Вложивме максимални напори за транспарентност и отчетност на Општина Конче кон сите граѓани и сите институции, изјави градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов на денешниот даден отчет на саемот на промените што носат иднина.
„Во делот на патната инфраструктура изградивме во две населени места вкупно седум улици. Извршивме реконструкција на патниот правец од Село Долнели до Село Горнели со вкупна должина од 3,600 метри и со вградување на комплетна сообраќајна сигнализација“, рече Ристов.
Тој потенцираше дека со цел вложување во животната средина се спроведоа повеќе еколошки акции меѓу кои една од поголемите која го опфати туристичкиот локалитет Мантово каде беа вклучени повеќе организации, граѓани и нуркачките екипи од клубот Охрид за да исчистат дел од дното на езерото Мантово.
„Бидејќи сме земјоделски крај исто така не ги заборавивме земјоделците, па така вложивме од прилика околу илјада должни метри тампонирање на полски патишта во вредност од 750 илјади денари. Вложувавме во водоводните мрежи и канализациите, од нив извршиме реконструкција на канализациониот дел во Село Долни Липови и исто така извршивме доградба на крак во Село Дедино во вредност од 500 илјади денари“, изјави Ристов.
Славе Андонов, градоначалник на општина Василево рече дека затекнал катастрофална финансиска состојба или долг од 1,5 милиони евра и затоа ни беше приоритет да ја стабилизираме финансиски. Но, и покрај ова не изостанаа проектите.
„Работевме на подобрување на патна инфраструктура или асфалтирани се околу 4 километри патишта со вкупна вредност од 33 милиони денари. Обезбедивме 11 милиони денари, средства за патниот правец Нова маала – Добрашинци овој патен правец е важен бидејќи поврзува четири населени места. Потоа тука е изградбата на нов водовод во Дукатино во висина од 400 илјади евра, а работиме и на изградба на канализациони системи. Тие се приоритет бидејќи воопшто не се работело на ова. Во Василево за прв пат се даваа средства за инвертери“, рече Андонов.
Мојот мандат уште од самиот почеток започна со многу предизвици и проблеми кои бараа брзо решавање, но енергијата и беспоштедната борба која што ја ветивме тековно работи и реализираме многу проекти за нашата општина Ново Село која е надалеку позната по територијалните убавини и туристички локалитети, вели градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов пред присутните на политичкиот саем.
Божинов нагласи дека и покрај бројните предизвици и проблеми и малиот буџет на општината успеал да инвестира во инфраструктурните проекти, укажувајќи дека своето работење како градоначалник го насочил и кон меѓународна соработка, преку која добил значајни донации и опрема од другите држави.
Работевме на многу проекти иако со многу мал буџет можам гордо да кажам дека оваа година во инфраструктурни проекти успеавме да инвестираме и реализираме до сега 3 и пол илјади метра во десет населени места, а во меѓувреме работиме паралелно на уште пет проекти за до крајот на оваа фискална година успееме да постигнеме рекордно ниво, рече тој.
И покрај малиот буџет и броните предвизвици моето работење го насочив на меѓународна афирмација на општината. Така остваривме соработка со неколку странски држави кои ги препознаа квалитетите и потенцијалите на општината и на тој начин директно го потпогмуваат развојот на општината. Добивме донација за реконструкција на греењето на Домот на културата, добивме од Кина машини и алати за одржување на зелените површини , имаме отворена соработка и поддршка од Италија, истакна тој.
Андон Сарамандов градоначалник на општина Гевгелија зборуваше за дел од проекти кои тој ги има реализирано откако е градоначалник на општина Гевгелија.
-Изминатава година во која започна мојот мандат како градоначалник на општина Гевгелија беше одбележана со реализација на повеќе капитални проекти кои ја подобрија патната, капиталната и целата инфраструктура. Најголем проект е поставувањето на атмосферската канализација, во март месец во должина од 6.500 метри започна изградба на атмосферска канализација во Гевгелија. Ова атмосферска канализација опфаќа една третина од градското подрачје на потег од Дунќут до железничката станица, веќе ја изградивме и на две улици во Серменинско Мало во должина од 1.000 метри. Во 2022 година населеното место Негорци доби нов водоснабдителен систем, значи изграден е нов цефковод до ова населено место и изградбата продолжи до населеното место Прдејци кое веќе е во завршна фаза во должина од 6.400 метри. Во наредниот период и населеното место Богородица ќе го реши проблемот со водоснабдувањето, рече Сарамандов.
Градоначалникот Сарамандов во текот на своето обраќање се осврна и на проектите во патната инфраструктура, проектите за младите и за туризмот.
Во делот на патната инфраструктура беа издвоени над 16 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија и Гевгелија добија уште една добра сообраќајна врска со граничниот премин Богородица. Во Прдејци граѓаните добија нов модерен младински дом, а исто така за брзо и населеното место Богородица ќе добие еден прекрасен простор за дружење на младите. Исто така започнавме и со селектирање на отпад и сметам дека е од голема важност за нашата општина. Во завршна фаза е и изградбата на стационарот за бездомни животни и ќе се реши уште еден проблем на граѓаните кој беше ветен во нашата програма. Многу е важно што Гевгелија е транзитно место и го посетуваат многу туристи и оваа година изготвивме платформа за туризмот со што ќе го промовираме туристичкиот потенцијал на нашата општина. Исто така обезбедени се и курсеви за гитара кои ги користат нашите млади музичари. Од месец февруари од страна на општината обезбеден и бесплатен логопед за сите деца во наша општина кои имаат проблем со вербалната комуникација, додаде Сарамандов.
Ристо Манчев градоначалникот на општина Босилово на трибината за отчетот на градоначалниците од југоисточниот регион изјави дека позади нас е година со изразена економска и енергетска криза, меѓутоа и во вакви околности новото раководство успеа да оствари значајни успеси, и како што посочи изминатата година инвестирано е во сите сегменти на општественото живеење, а посебен акцент е ставен на инфраструктурата.
– За прв пат во Босилово во една година се изградени улици во над 7 населени места, а во тек на изградба се нови, а потоа следат и други и тоа е одлична работа за една година. Она што исто така е важно е еден под посериозните проблеми со кои се соочува општината е тоа што 30% од населените места немаат доволно вода, доволно чиста вода и започнавме да го решаваме проблемот веќе во две населени места. Изминатите години цели села немаат доволно вода за пиење, но како резултат на посветена работа и реорганизација на работата на комуналното претпријатие оваа година сите населени места имаа редовно снабдување со вода. За прв после 6 години се изградени две спортски повеќенаменски игралишта, што е важно за младите и развој на спортот, рече Манчев.
Манчев нагласи дека се работи на животната средина, на расчистување на дивите депонии, но тоа што е важно се работи на образованието, училиштата биле начекани со огромен долг и блокирани сметки, но и во такви околности е реорганизирана работата на училиштата, прв пат е направена библиотека, како и кабинети по природни науки.