09.03.2023

Илиеска: Инфлацијата за храната на која најмногу трошиме е 25%, власта создава несигурност кај граѓаните

Имаме двоцифрена инфлација, а тоа што власта најавуваше дека во 2023 ќе биде подобро гледаме дека не се остварува. Стапката на инфлација кај производите кои ни служат за исхрана е 25%. Најмногу трошиме за храна. Инфлацијата требаше подобро да се менаџира, една од мерките беше да се откажат од акцизата која е имплементирана во секој производ, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ, за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Таа посочи дека власта се фали дека имаме власт која се задолжува за да троши ненаменски и создава несигурност и неизвесност кај граѓаните и компаниите.

Рамниот данок на ВМРО-ДПМНЕ беше критикуван, но се покажа и дека СДСМ не си стои на нивната политика и програма, туку ја користи програмата од ВМРО-ДПМНЕ за данокот, и од прогресивното оданочување се врати на рамен данок. Кога го носеше прогресивното оданочување тоа го направи многу некоректно бидејќи го донесе во октомври да важи за јануари следната година, а големите компании ги прават плановите во септември за следната година или за следни три години, и да биде полошо власта се откажа од истиот во истакна година кога почна да важи.

Компаниите треба да бидат информирани за даночната политика на државата. Данокот почна да функционира и во текот на календарската година, која не заврши тие ја ставија во мирување, не ни успеаја да видат бенефити или негативни страни. Доколку имате пониски даноци, даночните обврзници многу полесно ги плаќаат и не бараат начини да ги избегнат, но ако им зголемувате даноци, тие може да бараат начин да избегнат, рече Илиеска.
Во врска со тоа што власта го најавува како даночна реформа сега, Илиеска нагласи дека даночна реформа не е ако се укинат претходно донесените ослободувања, додека новиот данок за солидарност го носат спротивно на закон.

Власта сега почна да зборува за нов данок на екстра профит и го нарече данок на солидарност. Одредени земји го воведоа, но земја која не е членка на ЕУ нема која го вовела. Има голема реакција, законот е доставен во Собрание. Овој данок треба да важи од денот кога е донесен, а владата сака да важи и за периодот пред да се донесе, а ретроактивно не може да важи, изјави Илиеска