04.10.2022

Димитриеска Кочоска: Оваа Влада нема никакво чувство за граѓаните и за бизнисот, споредбено со Европа ние сме убедливо најлоши со убедливо највисок скок на цени

Два моменти мора да разграничиме тука. Првиот е како растат платите и тука знаеме дека инфлацијата е на многу повисоко ниво од тоа како растат платите и од друга страна колкави се нашите плати и што може да купиме со нив, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

„Тоа е во смисла дали нашата Влада се служи да го преживееме месецот само за храна и другите комуналии да ги платиме или како во другите земји со кои се трудиме да се споредиме, а сме неспоредливи коишто покрај платата што ја имаат еден дел можат да потрошат и на други работи да седат по кафeани, да купат мебел сосема други работи“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека стапката на инфлација на храна и безалкохолни пијалoци е 25,1 процент или само на храна е 25,9 проценти, или чисто за август месец лебот пораснал за 44,1 процент.

„Сега не познавам човек којшто не трча најмалку во три маркети да провери цени и да види од каде ќе купи, тоа е знак дека на сите им влијаат цените. Најголем дел од парите нас ни одат за да се прехраниме што не е случај со ЕУ“, кажа Димитриеска Кочоска.

Таа изјави дека најмногу цените кај нас во Македонија отидоа заради сметките на струја.

„Кога ќе ги исклучиме овие моменти настрана за храната кај нас и во Европа тогаш ќе видиме дека сме убедливо најлоши со убедливо највисок скок на цени. Секое кратење или предлог што ние го дадовме значи дека треба да се откажат од она што го пикаат во џеб“, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека оваа Владата нема никакво чувство за граѓаните и за бизнисите, затоа имаме вакви ситуации. Наместо кога зборувавме да се презема мерки и да се прави нешто тогаш не се реагираше.

„Трговијата на мало е падната за 3 проценти во август во однос на август минатата година или трговија на мало со храна и пијалоци е 4,4 проценти падната. Тоа кажува дека веќе се чувствува оној момент каде што луѓето почнуваат навистина да штедат и на храна дома“, вели Димитриеска Кочоска.

„Денес имаше и објава дека БДП во Македонија согласно проекциите на Светската Банка е најнизок после Русија и Украина. Се извинувам но во Русија и Украина има војна. И ние сме дошле во таква ситуација. Не е нормално ова“, нагласи Димитриеска Кочоска.