29.06.2023

Димитриеска-Кочоска: И со евтината тарифа струјата повторно ќе поскапи

Aмбасадорите го кажуваат она што ние знаеме дека се случува и бизнис секторот се соочува во овие проблеми. Загрижувачки е тоа што се дава лоша порака кон странските инвеститори иако ние и немаме нови инвестиции освен оние што веќе се присутни, вели Гордана Димитриеска -Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и една од потпретседателите на партијата.

Таа во интервјуто за “Република“ говори за бизнисите на фамилијата Ахмети, за Мерко и црната листа на САД, уставните измени, состојбата во буџетот, поскапувањто на струјата…

Ова дефинитивно ќе остави последици и кон оние инвеститори кои се сега присутни како што е случајот со австриската компанија.Значи не станува збор за нешто ново, но станува збор за нешто сериозно. Тоа што е најголем проблем за бизнис секторот тие го воочуваат и го кажуваат. Ете зошто немаме не само странски инвестиции туку и македонските не се одлучуваат за некоја посериозна инвестиција. Немаат доверба во државата. Кога велам доверба во државата мислам на судство, корупција, криминал, нефункционалност на институциите.

Коментирајќи го купувањето на трговскиот центар „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети, Димитриеска-Кочоска прашува која е таа банка што одлучила да му даде финансиски средства и гаранцијата која е дадена бидејќи ни една голема банка нема да ви одобри кредит без да биде максимално заштитена.

Значи ние имаме млад и амбициозен човек кој успеал да си реализира еден негов сон. Се поставува прашањето колку ние имаме млади и амбициозни постручни од него кои не можат да се доближат до одредена банка а не пак да земат кредит.Овде треба институциите да си ја сработат својата работа.

Таа нема објаснување како семејството Ахмети е успешно во толку многу бизниси.

Јас не знам некој да успеал во толку краток период да реализира толку бизниси. Она што е најитересно да ги читате првите бизнизи сите се поврзани со државата.За да може да изградите хидроцентрала ви треба согласност од државата. Како одеднаш тоа семејство доби концесија да вади варовник, зошто не доби некој друг. За поздравување е секој бизнисмен што ќе успее притоа работејќи комплетно во приватниот сектор, а не да работи со државата.

Во однос на ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД Димитриеска-Кочоска смета дека тоа треба да биде аларм дека нешто не е во ред, но и покажува колку функционерите на ДУИ воопшто не се грижат што странците мислат за нив.

Ако ти си одговорен функционер и те ставиле на црната листа ќе се замислиш и ќе се повлечеш од функцијата ,затоа што станува збор за сериозна работа.Ова покажува дека тие не се грижат за ништо друго освен за нивните цели- а тоа е корупцијата и криминалот.Јасно е дека Мерко нема да се откаже ниту од градоначалничката функција, ниту ќе се повлече од некои од бизнисите. Тој ќе си го тера своето и не му е гајле на каква листа е ставен.

Димитриеска Кочоска уште еднаш повторува дека за ВМРО-ДПМНЕ темата уставни измени е затворена, односно дека уште по лидерската средба претседателот Мицкоски да јасна изјава, а дека била јасна и прецизна покажуваат последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.

Тоа покажува дека граѓаните многу добро разбрале што кажал претседателот Мицкоски.Жално е што СДСМ се обидуваше што неколку дена по лидерската средба да спинува но тоа само дополнително ги „дозакопа“ бидејќи вие може да лажете три-четири дена а уставни измени нема ниту пак имаат храброст да ги стават во Собрание.

Таа ветува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци кои доаѓаат од надвор и од внатре.

Ќе ги издржиме, зошто да не ги издржиме. Ќе тргнам лично од себе-во 2020 година кога не го потпишав кредитот со Светска банка. Тогаш добивав критики, па рацете ми биле крвави зошто не сум го потпишала кредитот.Тогаш јасно кажав не и никој не може да ве натера да направите нешто кога вие свесно ги носите одлуките и притоа знаете што штитите.Така и нашите пратеници, воошто не размислуваат за уставните измени затоа што таква преговарачка рамка каква што ние имаме никој ја прифаќа.

Со Димитииеска Кочоска поразговаравме и за економски теми кои се нејзина специјалност. Една од нив е електричната енергија за која таа нема дилеми дека ќе поскапи.

Причини за тоа има неколку.

Најголем причина е што не успеаја да се справат со проблемите кои ги има ЕСМ кој е еден огромен загубар кој не може да функционира доколу не ги добива оние трансфери од државата. Во 2022 година имаше 232 милиони евра трансфери од државата а добивка од само 40 милиони евра што значи дека околу 180 милиони евра ги добија од државата. Од друга страна ММФ им вели премногу пари одлевате и оти компанијата треба сама оперативно да работи.Логично е да заклучите дека ќе има поскапување на електтичната енергија.Направија приказна дека имале намалување на електричната енергија, но поради ДДВ-то имаме зголемување. Во суштина е исто е бидејќи на крајот граѓаните ја гледаат колква е сметката.

За евтината тарифа и зошто да важи од декември.

Зошто не порано? Кога ја укинуваа ја укинаа буквално преку ноќ што значи дека ако ја може преку ноќ да ја укинат можат и преку ноќ да ја вратат-објаснува Димитриеска-Кочоска.Таа евтина тарифа ќе значи за одредена категорија граѓани кои се дома и кои можат да ги завршат обврските во тие два часа.Но, одредена група од ова нема да имаат бенефит но фактот дека ќе имаме поскапена струја останува.Во однос на броилата, првиот човек на Регулаторната комисија убедува дека ЕВН ќе ги смени броилата на свој трошок.Да не ги лажат граѓаните, повторно ќе бидат на нивен трошок.

За неа најзагрижувачки е растот на инфлацијата во Македонија која е двоцифрена и фактот што веќе нема евтини пари.

Проблемот настана во одлуките што владата ги носеше пред година и половина.Наместо во тој период да ги спречуваа ценовните шокови тие носеа други одлуки.Ние предлагавме намалување на акцизата и на ДДВ-то кој ќе спрече скок на цената на основните производи. Не нѐ послушаа и цените скокнаа и сега е многу тешко да се вратат назад.Еве сега нафтените деривати се пониски но цената на храната остана иста.Погрешни политики и одлуки носеа, замрзнуваа цени а трошоците во буџетот растеа и воопшто немаа контрола во тој дел.Остана на Народна банка самата да се справува со ситуацијата. Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на шест проценти што е страшно затоа што како што растат каматните стапки на благајничките записи така растат и каматните стапки на кредитите.Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат сѐ повисоки камати. Граѓаните се и онака сиромашни.Велат растат платите, меѓутоа реалната вредност односно куповната моќ е намалена. Во исто време поскапува цената на струјата,каматните стапки се зголемуваат и граѓаните живеат се полошо и полошо, односно економскиот стандард е премногу влошен.

Димитриеска Кочоска се прашува зошто министерот за финансии се уште не го пратил ребалансот на буџетот во Собрание.

Ако планираните приходи за 2023 година требало да бидат поголеми за 16 проценти во однос на минатата година реализацијата покажува дека заклучно со мај тие се за 14 проценти помали, односно не го полниме буџетот како што треба. Најмногу не полниме во буџетот кај ДДВ-то кое на исто ниво како минатата година ниту пак ќе го остварат планираниот БДП. Ако економијата продолжи да се движи по истата линија ќе имаме 200 милиони евра помала наплата на данокот на додадена вредност што ќе фалат во буџетот.Од друга страна имаме поголема наплата на данокот на личен доход и на данокот на добивка но тие можат да наплатат околу 40 милиони евра. Значи 160 милиони евра повторно фалат.Она што го полни буџетот се придонесите затоа што овие плати колку и да имаат помала вредност од претходните години сепак поради тоа што се повисоки придонесите се на поголем износ. Расходите исто така одат со позабрзана динамика отколку планираното.Биле планирани 16 пораст во однос на лани а поранале 20 проценти.Најголем раст имаме кај капиталните инвестиции од 280 милиони евра а тука влегуваат парите кои ги префрлиле на Државни патишта за Коридор 8 за казнени пенали и плус парите за ЕСМ.И во едниот и во другиот случај не станува збор за капитални инвестиции што значи дека имаме повторно зголемување на непродуктивни расходи кои во суштина на долг рок ја уништуваат фискалната политика. Кога ќе дојде време за ребаланс повторно ќе скратат од капиталните инвестиции, и тоа што го планираа ќе мораат да го скратат.

Димитриска-Кочоска објаснува и што значи најавата за издавање на граѓанска обврзница.

Државата издава државни хартии од вреднот кои и досега можеа да ги купат и физички лица преку брокери.Но која е крајната цел со граѓанската обврзница. Министерот за финансии кажа дека обрзницата ќе биде биде наменета за граѓаните и оти целта било да се извлечат парите од граѓаните кои ги чуваат дома под перница и да ги вложат. Потоа стигна известување од банките дека секое лице што ќе отиде во банка и ќе донесе од дома повеќе од 15.000 евра нема да има обврска да донесе документ за потекло на своите пари.Ова јасно покажува дека сакаат да ги исперат црните пари.Притоа многу ни е јасно каде има црни пари.Не очекувам дека во Свети Николе, Берово или Делчево ќе најдеме црни пари, но во некои други делови ќе најдеме. Со ова ги ставаат во нерамноправна положба тие што ќе ги донесат црните пари над 15.000 евра и кои нема да ги прашате од каде им се со тие што ќе ги прашате од каде им се затоа што ќе ги вложат парите како депозит во банка и нема да купат граѓанска обврзница.Само за граѓанска обврзница нема да имаат обврска да објаснуваат од каде им се, за се друго имаат.Тој што има црни пари дома значи дека има пари, нашите граѓани немаат.Им нудите каматни стапки кои се повисоки и правите притисок кон оние граѓани кои имаат депозити во банка да ги пренасочат кон граѓанската обвзница затоа што таму каматната стапка ќе биде попривлечна.З а да може обврзицата на министерот да биде привлечна тој треба да понуди повисока камата од онаа што ја имаат на депозитие во банките. Ќе понуди повисока камата, а банките за да се изборат своите депозити да не им се одлеваат во граѓанската обрзница ќе понудат повисоки камати и повторно ќе ги качи каматите на кредитите затоа што каматата на кредитот е приход за банката, а каматата за депозитот е трошок. И сега трошокот ако им расте тие мора да ги зголемат каматите на кредитите. Граѓаните во Македонија живеат од кредити, не од депозити,нема пари под перница. Едвај се прехрануваат од месец до месец и ваквата одлука во суштина само штетно влијае на најголемиот процент на граѓаните.Не може ние да се фокусираме и да ја гледаме онаа мала група на луѓе кои што имаат.СДСМ кога доаѓаше на власт една од приказните што ја продаваше беше „праведност и рамноправност“-ќе земеме од богатите а ќе дадеме на сиромашните.Сега во пракса гледаме дека се зема од сиромашните а сите привилегии ги уживаат богатите.