Со тоа што се зголемува ДДВ на струјата односно Владата го враќа на 10 мислам дека е во погрешно време, тоа значи поголема цена за граѓаните, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата на гостување на телевизија 24.
„Ме загрижува моментот со домаќинствата надвор од Скопје што правиме со станбените згради каде се загреваат на струја и ќе надминат блок 1 и блок 2 тарифите дали се тие недомаќини. Допрва нас не очекуваат ефектите од минусни температури и раст на потрошувачката“, посочи Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека не е во функција ниту комплетниот капацитет.
„Ако ја погледнете страната на ЕСМ ќе видите дека произвеле толку и толку па потоа ги нема, па заокружуваат по три четири дена“, посочи таа.
Димитриеска Кочоска информираше дека во 2017 година во РЕК Битола работеле трите блока, не работеле само кога имало ремонти. Вториот момент, додаде таа, е што сега зборуваме за 180 евра, а јас зборувам за пониски цени од 180 евра и не било потребно вклучување на ТЕЦ Неготино.
„ЕЛЕМ не произведува доволно да ги покрие домаќинствата и малите потрошувачи“, посочи Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска обраќајќи се кон Бектеши истакна дека во историјата ќе биде запаметен како најлош министер за економија во чиј период има најмало производство на струја.
„Нема јаглен, која е вашата стратегија. Пет шест години спиете и сега се зборува што ќе прави Владата од наредната година“, посочи Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска зборувајќи за владините мерки, односно дали дадоа ефекти една од нив приватен сектор, јавни претпријатија да поминат на регулиран пазар што значи пониска цена на струја со цел крајниот ефект да биде понска цена на производи, таа рече дека мерката е добра и истата ја бараше и ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, нема ефекти од мерката во овој момент бидејќи најголем дел од производите се произведени кога била повисока цената и сега трошат залихи. Проблемот е друг никој не ги зема во математиките, предвидувањата, даночната реформа за која не се знае каква ќе биде и сите го земаат и тоа во предвид. И мислам дека намалувањето на цените нема да оди како што се очекува“, посочи Димитриеска Кочоска