07.04.2023

Вртаноски: Доколку не се промени начинот на размислување на владата нема шанса да се промени нешто во инфраструктурата

Кога зборуваме за железница треба да се направи разлика помеѓу инфраструктура и железничко средство, значи вагони, локомотиви итн. Ако немате добра инфраструктура, тогаш џабе ви е да имате и формула 1, ама џабе ви е да имате и висока брзина на возот, значи тој нема да има сигурност. Од тој аспект значи треба прво да се работи на инфраструктурата во Македонија, изјави универзитетскиот професор Глигорче Вртаноски на денешната трибина насловена „150 години железници во Македонија 1873-2023″ во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Вртаноски инфраструктурата е застаната и нема шанса да се промени нешто доколку не се промени начинот на размислување како што рече тој естаблишментот на владата.

Инфраструктурата е застаната и нема шанси да се потегне нешто со овој начин на размислување прво на естаблишментот на владата  или тие што ја генерираат таа стратегија, вели тој.

Вртаноски вели дека во Македонија има само желба за нешто да се направи, за разлика од Гана која и биле потребно само година и пол да направат иста делница како што во Македонија 30 години не може да се изгради.

Кај нас не можеме 30 години една пруга да изградиме од Куманово до Крива Паланка која што е околу 50тина километри. Гана е многу богата земја. Второ стратегијата која што ја прават е дека сакаат да го направат. Кај нас имаме стратегија, сакаме да направиме, ама нема да го направиме. Сакаме да имаме воз или гарнитура ама немаме одржување. Вториот дел кој што можеби за мене е побитен тоа се човечките ресурси. Македонска железница е со старосна група, со секоја почит од над 53 години и во тој момент што би очекувале од луѓе кои се повозрасни. Сепак треба млади луѓе кои треба да се соодветно обучени, а понатаму нивниот тренинг да се обавува во самата организација. И во тој момент ќе имате прогрес, истакна професорот Вртаноски.