05.12.2023

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

Јас би опфатил поширок аспект на тоа. Не само што мисли членството туку и што мислат граѓаните на Македонија. Нивното мислење е дека Република Македонија се движи во погрешна насока, дека економијата тоне и дека имаме огромна сиромаштија и нефункционални институции. Гледате што се случува на полето на високата корупција и организиран криминал и какви потреси се случуваат, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски во неговото гостување во на централните вести на Алсат Телевизија говорејќи за расположението на членството и општо на граѓаните за изборите.

„Граѓаните велат дека е допрено дното и не само што е допрено дното, туку и дека истото е пробиено. Едноставно сите се насочени и фокусирани кон промените, а промените се тоа дека оваа актуелна влада, коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт, односно демонтирање на Социјалдемократскиот сојуз и неговиот лидер во таа коалиција Демократската унија за интеграција од тоа да ја вадат државата во наредниот мандат“, додаде Велјановски.

Тој исто така додаде дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирано да ја донесе најголемата победа, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја врати надежта во Македонија.

„Ако зборуваме од аспект на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, јас можам само да ви укажам дека се силно мотивирани и подготвени да ја донесат убедливо најголемата победа и токму заради тоа ние цело време го повикуваме народот, граѓаните без разлика на етничка припадност да застанат позади коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаме намера да ја вратиме надежта кај граѓаните со силни политики и со една платформа за иднина“.