25.03.2024

Василевска: Ќе направиме економска трансформација затоа што сегашниот раст од еден процент не е домаќинска економија и низа мерки за подобрување на демографската слика

Основа на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација на Македонија. Тоа е така затоа што има инфлација од 19 проценти и 1 процент раст на БДП, тоа не е домаќинска економија. Не можеме да зборуваме за стабилна економија ако инфлација стигнува и до 50 проценти, значи многу повеќе од европската зона и сето ова е поврзано со корупцијата, криминалот кај нас, рече Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО – ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија Телма во емисијата Топ тема.
„Мора во оваа насока да кажам дека сликата во земјава е ваква има преку 500 илјади граѓани кои живеат со само 150 денари на ден. Тоа е поразително“, рече Василевска.
СДСМ изминатите години се занимаваше само лични интереси и како да се стават пари во џеб.
„На пример проблемот со немање учебници. Учебници нема затоа што коалициските партнери не можеа да се договорат за тоа кој ќе го земе процентот од печатењето на учебниците“, вели Василевска.
Според Василевска, ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото ќе стави акцент на демографијата.
„Луѓето не веруваат во системот, не веруваат дека ќе имаат квалитетно здравство, не веруваат во судството, за се треба познати и да се извади обичен документ. Системот не функционира и главно затоа си заминуваат. Реалната политика која ја нудиме е покрај економска стабилност ќе создадеме алатка луѓето да имаат волја да останат дома, во државава, а не да си одат“, кажа Василевска.
Василевска спомена неколку проекти како еднократна финансиска помош за прво родено дете или 250 евра, до сега истата е 8 илјади денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци, потоа стимулативни мерки за вработени мајки или една година поврат на уплатен данок на личен доход за прво родено дете, две години поврат на уплатен данок за второ дете итн., да има за секое дете место во градинка, понатаму бесплатно ин витро и слично.