12.06.2023

Арнаудов: Претседателот Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата покажаа како се бранат идентитетските прашања, наспроти политичките отпадоци во власта кои што само и наштетуваат на Македонија

„Од кујната на власта произлегуваат само лаги и никогаш нема да престанат. Тие така функционираат. Народот веќе ги препозна, се што досега кажаа излажаа. Затоа сега започнува будење на македонскиот народ“, истакна Ламбе Арнаудов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Арнаудов додаде дека многу скоро од власта ќе си ги спакуваат куферите и ќе си заминат.

„Јас сакам да изразам една огромна благодарност и почит кон пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за нивното крајно искрено однесување, почитување и издржливост и покрај тоа што беа соочени со невидени притисоци и закани. Пратениците докажаа дека се украс на ВМРО-ДПМНЕ, дека се скапоцен бисер на македонскиот народ, опстанаа на да ги соочуваат идентитетските прашања и да не дозволат да бидат потценети или предадени. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се полни со родољубие, со патриотизам и направија нешто што  македонскиот народ од нив очекуваше“, заклучи Арнаудов.

Тој посочи дека изразува огромна благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски кој што цврсто се спротивстави на оваа ненародна власт која што по секоја цена сака да го загрози идентитетот на Македонија, македонскиот јазик и култура.

Арнаудов укажа дека граѓаните во Мицкоски препознаваат човек кој што ја сака својата држава и се бори за неа, идентитетот и јазикот.

„Јас тврдам дека ова што Бугарија го бара за влез на бугарските граѓани во македонскиот Устав е само нивен блеф, тие имаат далеку поголеми барања од Република Македонија“, истакна Арнаудов.

„Мицкоски со неговиот генијален шаховски потег ги разоткри и разобличи предавниците од дома што и слугуваат на Бугарија“, нагласи тој.

Тој посочи дека ЕУ ако сака да помогне на Македонија, прашањето со Бугарија ќе го реши за едно попладне.