14.09.2022

Андоновски: Арсовска нема реализација на проекти, сериозно треба да размисли за понесување одговорност и оставка

Реализацијата на проекти се гледа по 3-4 месеци од почетокот на мандатот, тоа е затоа што треба да се запознае со ситуацијата и да почне да работи, секако  на секого му оставате на почеток да покаже да се размавне и ние на пример ако го видите буџетот за 2022 година таму едно 15тина или 20 се проекти кои ги има програмата, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и член на Советот во Град Скопје во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, но ништо од тоа не е почнато вели тој.

„После одредено време кога ќе видите дека таа програма нема реализација, проектите стојат, реализацијата на тие проекти е многу мала или незначителна, ситуациите се блокирани, состојбите се блокирани“, рече Андоновски.

Тој посочи дека не останува ништо друго освен да се бара алтернатива. Во последните 2 месеца барале алтернатива во Совет, во смисла како да се реализираат
проектите кои се ветени пред граѓаните.

Андоновски потенцирапе дека ВМРО-ДПМНЕ преку Советот ќе се труди сите проекти кои се добри за Скопје да се истуркаат и реализираат.

Според Андоновски градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сериозно треба да размисли за понесување на одговорност.

„Како градоначалник таа од дрвата не ја гледа шумата и постојано се занимава со ситници, а не се занимава со реализирање проекти и треба да размисли на понесување на одговорност и оставка“, дециден е Андоновски.