Панова: Законите коишто ги носиме во Собрание ја менуваат сликата за Македонија – работиме со цел подобар живот за граѓаните

Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ се осврна на реформската агенда и посочи дека бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Таа додаде дека исплатените средства од страна […]

Read more »

Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа: Неопходно е трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната

Денес во Софија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа (SEECP) имав обраќање на тема: -Итно и трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната. Истакнав дека е неопходно наоѓање на одржливо решение за проблемот со ограничувањата на престојот на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт. Особено ја нагласив потребата да се овозможи на возачите на камиони и транспортерите од Македонија и земјите од регионот да ги извршуваат своите професионални обврски без негативни последици што произлегуваат од примената на правилата за престој во Шенген зоната, со целосно почитување на безбедносните и миграциски прописи на Европската унија. После ова беше прифатен компромисен амандман како дел од Завршната декларација со кој се бара властите на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа заедно да пронајдат прифатливо решение за сите транспортни и логистички прашања во Шенгенскиот регион и во регионот на Југоисточна Европа. Посебно значење на овој успех дава фактот дека амандманот го поддржаа сите пет земји членки на ЕУ кои учествуваат во SEECP(Словенија,Хрватска,Романија, Бугарија и Грција). https://www.facebook.com/share/p/1DK3VNAMoz

Read more »

Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост. Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ […]

Read more »

Пренџов: Нема одземање на стекнатите права, гарантирани се статусот, платите и правата на судските службеници

НЕМА ОДЗЕМАЊЕ НА СТЕКНАТИТЕ ПРАВА! Со предложениот и веќе усвоен амандман на член 166 од законот за судските службеници јасно и недвосмислено се гарантира дека вработените во судовите ќе ги задржат сите стекнати права, вклучително и правата поврзани со висината на платата, признаеното образование, категоријата во која се распоредени и статусот на судски службеници. Нашата […]

Read more »

Од СДС пак со измислици, Филипче јасно да каже кои се неговите компании во Петрич и како профитираат

/

Од СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни. Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од […]

Read more »

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

Почитувани, Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост. Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да […]

Read more »

Пешевска: Се зајакнува институционалниот одговор на насилството врз жените

Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата ,,Анализа“ на телевизија 24, се осврна на институционалните напори и мерки за спречување на насилството врз жените. Главната порака на Пешевска е дека борбата против насилството бара заедничка акција на сите институции и политички чинители. Таа нагласи дека се преземаат законски мерки, се подготвуваат нови решенија и […]

Read more »

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет само за да дојде до власт

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт. Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера. Венко Филипче секојдневно потврдува дека е […]

Read more »

Петрушевски: Претходната власт остави руинирано правосудство, денес законите се носат транспарентно, со јавни расправи и експертски мислења

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој истакна дека законите од областа на правосудството се носат низ транспарентна постапка, со вклучување на јавноста и експертската фела. „Овие закони кои што се дел од планот за раст ги носиме низ една  транспарентна постапка, нешто што не било […]

Read more »

СДС да ја ослободи СДММ од политичките стеги, младите се во фокус на Владата

СДС го имаше сведено образованието на нула. Во нивно време немаше учебници, студентските домови беа во катастрофална состојба, а стипендиите беа нејасни и со ист месечен износ, па не се знаеше кои се наменети за студенти со висок просек, а кои се мотивирачки за стратешките области. Наместо инвестиции во образованието и младите, сведоци бевме на […]

Read more »