Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ. „И затоа младите […]

Read more »

Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди

се разговара со Вреди Главна особина помеѓу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди треба да бидат темелните принципи и вредности како да направиме подобро утре за секој граѓанин, точно и како да стигнеме побрзо до ЕУ, но без ултиматуми и да се почитува волјата на македонскиот народ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „360 степени“ […]

Read more »

Мисајловски: На средбата со претставниците на Влен разговаравме дека економијата е најважна област каде што сите треба да се сплотиме, граѓаните очекуваат резултати од нас

„На изборите се случи народ. Граѓаните се одлучија за промени во Македонија. На овие избори победи народот. Еуфоријата се уште се чувствува, но ние како раководство, како партија веднаш почнавме со работа“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. „Мора тоа да го направиме, пред нас се очекуваат […]

Read more »

Димитриеска Кочоска: Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините со проектот 250 милиони евра годишно и ќе има правична распределба, нема да ги делиме на наши и ваши

Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините. Сите проекти кои владата во овој момент ги отпочнала, ние нема да стопираме проекти како нив, туку се што е добро ќе се реализира. Секаде каде има чиста состојба ќе продолжи, а каде има дискутабилност ќе има ревизија. Општините имаат подготвено проекти и тие ќе бидат финансирани […]

Read more »

Остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

/

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Договорени се општите […]

Read more »

ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите

Во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта, го испраќаме следново соопштение: ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се […]

Read more »

Муцунски: Утре започнуваат преговорите со претставниците на коалицијата Вреди, очекуваме да дојдеме до заеднички план

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците. На средбата, како што рече Муцунски, ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната […]

Read more »

Демант на веста на ТВ Сител на веста во која се пишува за евентуална поделба на ресори

Демантираме дека е направена било каква распределба на ресори во идната влада. Во целост се неточни информациите објавени на Сител телевизија и замолуваме да се воздржи медиумот од предвремено лиферување на информации, со оглед на тоа што пред само неколку часа Коалицијата Твоја Македонија го овласти претседателот Мицкоски да преговара за составување на идната владина коалиција. Процесот […]

Read more »

Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, во разговори за формирање на идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“.  Беше констатирано дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата. Претседателот Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада. Според заклучокот […]

Read more »

Мицкоски: Најавувам инвестициски бум кој ќе ја засили економијата

Можам да кажам дека во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога се е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една озбилна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без […]

Read more »