
Делегации на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Пелинце, Крушево и Ташмаруништа по повод 2 Август, Денот на Републиката
Бројни делегации на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на Републиката, 2 Август, ќе положат свежо цвеќе на неколку локации низ Македонија, во Скопје, Пелинце, Крушево и Ташмаруништа. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ја предводи партиската делегација во Ташмаруништа, каде ќе положи свежо цвеќе заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и заменик министер за […]
Read more »
Апасиев, советникот на СЈО, пак глуми патриот
Левица е во паника. Наместо ВМРО-ДПМНЕ, како што планираа, трагедијата во Кочани ги фрли во сенка токму нивните блиски сојузници, оние од поранешниот картел на власт на СДС и ДУИ. Па сега, кога им се распаѓаат сите конструкции, остана само нервозата и деструкцијата. Да потсетиме: Димитар Апасиев лично беше советник на најблиските соработници на тогашната […]
Read more »
СДС наместо да сфатат дека проблемот е во нив, тие со навреди за сите кои ги напуштаат
СДС со навреди за сите кои ги напуштаат, наместо да сфатат дека проблемот е во нив. СДС уште еднаш покажа дека не трпи пораз, ниту вистина. Наместо да се запраша зошто сè повеќе луѓе ги напуштаат, тие продолжуваат со навреди и омаловажувања. Но, проблемот не е во оние кои си заминуваат, проблемот е во СДС. […]
Read more »
Лефков: СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника
Почитувани, СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника. Самиот Зоран Заев ги потона СДС кога кажа дека лицето А.Н. кој е уапсен за потпалување на пожар во струмичко бил шофер во општината кога тој бил градоначалник. Очигледната неискоординираност ја урна кампањата на Бихаќка како кула од карти, а на секого […]
Read more »
Петрушевски: СДС ја партизираше и полицијата и институциите, во нивно време професионалците беа шиканирани, а напредуваа само партиски подобни
/СДС, токму тие ја партизираа полицијата и институциите. И додека СДС управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните. Новите закони се во насока на професионализација и еднакви можности. Тој кој е компетентен, кој има искуство, знаење и интегритет ќе напредува без разлика на партиската припадност. За разлика од тоа како […]
Read more »
Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски
Почитувани, Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски. Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската […]
Read more »
Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани и потврдува дека трагедијата ја користеле за политички поени
СДС и ДУИ повторно заедно. Иако во одредени моменти се обидуваа да глумат раскарани, тие всушност биле во постојана комуникација и координација. Тоа се виде и пред неколку дена во македонското Собрание, кога паднаа маските, а СДС и ДУИ здружно застанаа зад Љупчо Коцевски. Да, тоа е и истиот оној Коцевски, главен јавен обвинител од кого […]
Read more »
Директни линии од и до Скопје од Мадрид, Стокхолм, Келн, Прага и Бари, се зголемува бројот на туристи, државата засилено се поврзува
За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека умее да го зголеми бројот на туристи во државата. 11 месеци беа потребни за Владата да успее да договори комплетно нови 16 авиолинии кои ќе патуваат од аеродромите во Скопје и Охрид. Од скопскиот аеродром ќе имаме нови 5 директни линии, од ноември […]
Read more »
Молкот на СДС и Филипче и неоградувањето од Заев ќе се смета за соучесништво и дека ги поддржуваат подметнувачите на пожари
СДС и Венко Филипче треба да се оградат од Зоран Заев, чиј возач и човек од највисока доверба, подметнува пожари. Во време кога одредени делови од државата се зафатени од пожари, лицето А.Н. е фатено и уапсено од полицијата поради намерно предизвикување пожар во струмичко. И СДС на Венко Филипче, наместо да испраќа соопштенија и […]
Read more »
СДС во очај, почна да го дели и ветерот на партиски: дали е „на Мицкоски“ или „за граѓаните“?
Во својата нова епизода на безидејност и површност, СДС излезе со соопштение во кое „македонскиот ветер“ го прогласи за национално богатство што Владата го злоупотребувала за „приватни интереси“. Станува збор за инвестиција од половина милијарда евра во ветерен парк од приватна компанија, која ќе продава струја на светски енергетски гигант, проект што, според сите светски […]
Read more »







