Денот во 60 секунди – МОН обезбедиучебници за сите ученици, Германија силенподдржувач на европскиот пат наМакедонија  

Растот на економијата во првиот квартал од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот.  Германија силен поддржувач на европскиот патна Македонија- министерот Мисајловски насредба со германското атеше.  МОН обезбеди учебници за сите ученици настартот на новата учебна година, нема повеќедоцнење.  Андоновски и Владев официјално го отворијаЦентарот за услуги „ЕТУ Свети Николе“.  Доаѓа времето на Македонија!  https://www.facebook.com/share/v/178pzQHupH/?mibextid=wwXIfr

Read more »

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше

Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа. А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и […]

Read more »

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот 

Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната Влада за која што говореше лидерот на опозицијата:  Просечниот раст на БДП во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8% што е едно од наjниските во Европа и за жал најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9%, Словенија 3,2%, Хрватска 3,5%, Албанија и Црна Гора 3,5%, Србија 3,6% и Косово 3,8%).  Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2% споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките.  Оттаму, посочените „2 милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 споредено со 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст.  Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија.  Постојаната манипулација и извртување на тезите (спинување) не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот односно 6 ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Евростат.  Во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1%. За споредба, во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ, просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2%.  Поразително е што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Доколку се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5%, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард.  За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4%, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт.  И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7% од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3%.   Земјите од ЕУ и регионот исто така се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, додека Македонија во периодот на кризата регистрираше рекордно високи стапки на инфлација кои кулминираа во октомври 2022 година (19,8% на годишно ниво).  Од земјите од Западен Балкан во 2022 година, Македонија има највисока стапка на инфлација од 14,2% и додека стабилизирањето на цените кај повеќето земји од регионот во 2023 година одеше со побрзо темпо, Македонија повторно се најде во групата на земји со висока инфлација односно 9,4% во 2023 година.  Неуспешното менаџирање со ценовната криза и популистичките мерки доведоа трајно зголемување на нивото на цените кое сега го плаќаат граѓаните. Цените во категоријата Храна и безалкохолни пијалаци кои имаат најголем придонес во пресметката на вкупната инфлација во 2022 и 2023 година регистрираа двоцифрени стапки на раст од 20,9% и 11,7%.  „Ефектот“ од политиките најдобро се огледа во фактот што во периодот 2020-2023 просечната плата се зголеми за 34,7%, а минималната за 35,1%, но цените на храната и безалкохолните пијалаци во истиот период се зголемија за 39,2% и тука завршува манипулацијата за зголемувањето на стандардот особено на најзагрозените категории граѓани.  https://www.facebook.com/share/p/1DFiQugnrC

Read more »

Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор.   А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.   Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат. 

Read more »

Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

Почитувани,  Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со празни бројки и манипулации да ја прикрие вистината: Македонија денес е држава на стабилни финансии, држава која по години пустош и корупција почна да се обновува и држава која ја враќа довербата во институциите. […]

Read more »

Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години

Почитувани, Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски развој. За тоа говорат реализираните 670 проекти. Асфалтиравме и поплочивме 170 локални улици. Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација во населените места Црешево, Смилковци, Страчинци, Гоце Делчев, Јурумлери и Трубарево, Чукур Маало. Изградивме две спортски сали во Булачани и Стајковци, а во […]

Read more »

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што се ќе го лажат народот?

Почитувани, Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари. Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била […]

Read more »

Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Бујар Османи ако сака да покаже државништво мора да се однесува многу поинаку од ова што го прави сега. Наместо пишување на фејсбук статуси Бујар Османи нека одговори за кривичната пријава за милионската организација на ОБСЕ самитот чии неправилности се потврдени и со ревизорскиот извештај. Наместо млатење празна слама суровата вистина е дека токму Бујар […]

Read more »

Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левица да им помогне на СДС и ДУИ

Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг. Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник за Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ. Го прашуваме Мециновиќ со оглед на тоа што Димче Апасиев бараше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за […]

Read more »

ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

Бујар Османи продолжува со истата матрица, секоја критика за криминалот на ДУИ да ја претставува како „поттик на поделби“. Вистината е сосема спротивна: поделбите и неправдите во државата настанаа токму поради СДСМ и ДУИ и нивната власт заради криминалните тендери, корупцијата и злоупотребата на институциите. Бујар, Артан, Заев, Али и Филипче се коалиција на злото […]

Read more »