
Ружински: Изработка на нов генерален и детален урбанистички план за Берово
Плановите по кои се развива нашето Берово се стари повеќе од 30 години, уште од 1992 година. Тие веќе не одговараат на нашите потреби и се причина за урбаниот хаос и проблемите со кои се соочуваме секојдневно. Затоа, изработката на комплетно нов генерален и детален урбанистички план е наш клучен приоритет. Ова значи дека конечно […]
Read more »
Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска и ги повикуваме организациите за женските права, политичките партии, Хелсиншкиот комитет и сите здруженија, да го осудат говорот на омраза
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска. Овој тип на напади, кои не се аргументирани ниту се базираат на критика за политички ставови или јавни […]
Read more »
Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки
Добар ви ден, Сите ние родители сме поминале во еден период во животот кога сме имале мака со запишување на дете во детските градинки. И јас како родител сум ја имал истата ситуација и затоа сериозно му пристапувам на проблемот и работам во континуитет да ги подобрам условите за сместување и да ги зголемиме сместувачките […]
Read more »
Паунов: Изградивме пет спортски мултифункционални игралишта во Карбинци
Почитувани сограѓани, Резултатите се нашата сила, проектите се нашиот резултат на посветеноста и стилот на работа. Пет мултифункционални игралишта во пет населени места доби нашата општина Карбинци. Места кои имаме поинаков пристап кон спортот и рекреацијата на младите. Места на кои се одржуваат натпревари и сите ние имаме можност да уживаме во нив. Продолжуваме!
Read more »
Милошоски: Парадоксот на Венко, предлага ,,црвени линии“ за заштита од францускиот предлог, кој пред една година го прогласи за победа
Почитувана јавност, почитувани новинари, Денес темата на оваа прес-конференција е ставот на Венко Филипче, претседателот на СДСМ за францускиот предлог и за резолуцијата која што тој ја нуди, со наводно патриотски црвени линии. Првата констатација е дека Венко Филипче ја менува својата политика и позиции во зависност од потребите на својот финансиски и политички ментор, […]
Read more »
Лукровски: Решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош
Почитувани карпошани, Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер, возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. […]
Read more »
Јавна поддршка од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за Бобан Стефковски од Гази Баба
Писмо на јавна поддршка Од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба. Во време на големи општествени предизвици и сè подлабока потреба од одговорно и визионерско локално раководење, ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник […]
Read more »
Митески: Предвидуваме изградба на гасна когенеративна централа, зајакнување на инспекциските служби, дежурна линија и тимови за интервентно чистење на диви депонии
Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Студио 10 на телевизија 24. Митески зборуваше на темата за загадувањето при што истакна дека е еден комплексен проблем. Како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ има изработено програма со цел да се реши проблемот со загадувањето, меѓутоа, кога станува збор за депонијата […]
Read more »
Костовски: Ќе изградиме две нови основни училишта
Позади мене е новоизграденото основно училиште во Визбегово. Тоа е сигурен доказ дека на место на најстарите основни училишта на територија на општина Бутел, Љубанци и Љуботен ќе изградиме две нови основни училишта. За време на мојот четиригодишен мандат инвестиравме рекордни двесте петнаесет милиони денари во образованието. Обезбедивме ранче со прибор за секое прваче. Обезбедивме […]
Read more »
Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики
Градоначалникот, советниците и администрацијата можат да реализираат илјада проекти, но ако не обезбедат услови за раст и развој на локалната економија, попусто ќе се новите или обновените игралишта, градинки и училишта. Силната локална економија е директен фактор и индикатор за квалитетен живот на секој граѓанин. За да ја зајакнеме локалната економија ќе изградиме нова индустриска […]
Read more »







