Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер до политичка партија може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, и тоа за информациите кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата. Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно. За поднесување на барање по писмен пат потребно е да се пополни Барање за пристап до информации од јавен карактер во утврден образец.
Писменото барање може да се поднесе по пошта, да се достави во архивата кај ВМРО-ДПМНЕ | Плоштад ВМРО бр. 1, 1000 Скопје | 02 3102 801 или да се достави електронски по е-мејл:
Марија Митева | [email protected]
Сашо Павлоски | [email protected]
Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.
Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактерво рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот на барање, односно 15 дена од истекот на рокот за одговор на барањето.