Време е Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската унија

По толку многу направени реформи, редно време е Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската унија и да се отстранат пречките. Исто така, наша генерална позиција е дека треба да ја добиеме и поканата за НАТО. Предолго време чекаме и предолго сме блокирани не заради реформите, бидејќи во 2008 година беше кажано дека Македонија ги направи реформите, а не беше поканета во НАТО. Независно што сме во опозиција, ние остануваме на истиот курс и остануваме да се бориме за Македонија, со сите средства и од позиција на опозиција. Разговаравме и за работи што беа дел од политичкиот живот од минатото, сега и очекувања за во иднината. Но, генерално, фокусот беше на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО

Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ