Заев и СДСМ спротивно на волјата на граѓаните, насилнички со уцени и закани ги погазија Уставот и законите и го променија името на Република Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Зоран Заев и СДСМ спротивно на волјата на граѓаните, насилнички со уцени и закани ги погазија Уставот и законите и го променија името на Република Македонија.  Народот јасно порача дека е против промена на името на државата, но сепак аболицираниот Зоран Заев реши по секоја цена да ги продаде државните и национални интереси.

Зоран Заев и неговите 81 очајник ја донесоа најсрамната и најцрната одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но идните генерации.

Со промената на уставното име и со договорот од Преспа, Заев и неговите 81 очајник го менуваат македонскиот идентитет, јазик, култура, традиција и историја.

Зоран Заев ќе остане запаметен како политичарот кој на криминален начин по пат на уцени и закани ја продал Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој  срамен чин на владејачкото мнозинство и е против промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

СДСМ и Заев во две години не сработија ништо за да го подобрат животот на граѓаните, фокусирани беа само како да ја продадат државата. Македонија со СДСМ само уназадува и губи. Затоа тие мора да си заминат за конечно државата да оди напред и да се подобри стандардот на македонските граѓани.

Затоа  ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, на кои ќе победи Македонија, а оваа криминогена и црна власт на СДСМ ќе замине на темната страна на историјата.

 

            Со почит, 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

12 јануари, 2019 - 11:38