Власта нема решение, иако претходно лажеше дека има детален план како да го реши проблемот со аерозагадувањето

Соопштение до јавноста

Срамен е односот на власта кон најгорливиот проблем на граѓаните, загадувањето на воздуухот. Срамен е фактот што власта го игнорира енормното загадување, проблем кој годишно зема илјадници животи. Македонија е убедливо земјата со најзагаден воздух во Европа. Извештајот на Светската здравствена организација посочи дека во Македонија повеќе од илјада граѓани годишно се директна жртва на енормното аерозагадување.

Речиси две години власта како на централно така и на локално ниво го игнорира овој проблем. Власта нема решение, иако претходно лажеше дека има детален план како да го реши проблемот со аерозагадувањето. Нивото на загадување на воздухот е повисоко од кога и да е. 

Ова не е проблем на кој што треба власта да собира дневно политички поени. Кога се работи за здравјето на граѓаните нема место за политикинаство. Токму поради ова уште еднаш апелираме власта да ги прифати итните мерки кои ги предложува ВМРО-ДПМНЕ, мерки кои живот значат. Истражувањата велат дека стотици животи годишно можат да бидат спасени доколку власта превземе итни мерки во борбата со овој горчлив проблем.

Власта треба да обезбеди целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните. Загаденоста е алармантна повеќе од 6 месеци во годината, сметаме дека финансиите кои граѓаните ги издвојуваат за лекување се голем товар за нивните семејни буџети во ситуација кога трошоците за се друго во државава стануваат поголеми.

Исто така во услови на  загаденост над дозволените мерни онцентрации да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето,  со што ќе се овозможи значително  да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите

Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта. Директни жртви на црнилата кои и буквално надвисна над Македонија. Црнилата кои земаат илјадници животи секоја година. Нема проблем во светот кој не може да се реши, доколку постои волја и знаење. Власта досега покажа дека нема ниту волја ниту знаење како да го реши овој проблем, токму поради тоа време е да си замине. Време е Заев да замине во политичка пензија. Падот на криминалниот картел од власта предводен од Зоран Заев е неизбежен. Токму поради ова сите оние кои сакаат ова зло што порано да си замине, нека ни се приклучат во борбата. Во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата!

                                                                               

  Со почит,  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

6 декември, 2018 - 09:51