Владимир Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Почитувани,

Република Македонија се соочува со најцрниот период од осамостојувањето кога целиот безбедносен и судски систем се ставени во улога само и само за спроведување политички монтирани и мотивирани процеси, на штета на безбедноста на државата и особено на правото и правдата. Во време кога со државата владее криминогена власт, а државата се завива во црно заради мафијашки пресметки на улиците, СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање на лажни информации.

Владимир Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување на штета на новото раководство на партијата и претседателот г. Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед. Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија.

И политичките судски процеси и политичките приведувања, како и пласирањата на лажни информации имаат за цел да ја дезавуираат јавноста од безбедносните проблеми и прашања, како и од реалните проблеми кои оваа мрачна криминогена власт ги нанесува врз граѓаните на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од СДСМ и од портпаролот Костадин Костадинов заради пласирање и објавување на неточна информација.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и е достапна за медиумите да одговори на било кое прашање во и од интерес на јавноста.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

5 декември, 2018 - 16:06