Со СДСМ и Заев на Македонија и се случува целосен крах, Министерството за финансии најави ново задолжување од над 30 милиони евра

Соопштение до јавноста

Со СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија и се случува економски крах.

Вчера Министерството за финансии најави задолжување со над 30 милиони евра. Ова е ново задолжување во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци.

Иако се задолжуваат секој месец граѓаните не можат да видат ниту нови инвестиции , ниту пак животот им е тргнат на подобро. Парите од овие задолжувања никој не знае каде одат. Тоа го знае само Зоран Заев и криминалниот картел со кој тој раководи.

Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега.

Нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години,  и тоа со само 23.3% реализација од планираното, односно проекциите кои неспособната власт на сдсм сама ги направи. Сега и целата јавност гледа колку се преценуваат.

Ваквата неспособност и незнање на власта им оди на штета на граѓаните зошто парите не се трошат за она за  што се предвидени. Дополнително ќе се крати од предвидените капитални инвестиции за да може да се финансираат работи кои не се потребни

Со ваквото задолжување на државата, а без конкретни проекти има индиции дека СДСМ се подготвува за масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само да го истуркаат капитуланскиот договор што го потпиша Зоран Заев со Грција.

Загриженоста дополнително се зголемува со јавните настапи на Зоран Заев упатени кон бизнисмените да го одврзат ќесето се со цел работниците во нивните фирми да го подржат претстојниот референдум. Дури и вработените во државниот и јавниот сектор се изложени на секојдневни притисоци, закани и уцени да излезат и да гласаат на референдумот.

Власта мора да ги остави граѓаните по свое слободно мислење и убедување да одлучат самите дали ќе излезат или нема да излезат на референдумот. Тоа е нивно законско право и секој мора да го почитува.

Никој не му дал право на Заев да се коцка со се што е Македонско и да го става како влог Македонскиот народ.

Ние веруваме во мудроста и достоинството на Македонскиот народ и апелираме граѓаните да не потпаѓаат под манипулациите на власта, туку да постапат онака како што мислат дека е најчесно кон нив, кон нивните предци и нивните потомци.

Веруваме дека граѓаните, за разлика од Заев не се подготвени да си го продадат достоинството за награда од неколку илјади денари или каква било закана.

Македонија ќе победи

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

27 септември, 2018 - 09:02