СДСМ покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните и за нивните животи

Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ

Единствена надеж за граѓаните дека ќе дишат чист воздух е да дува ветер или да чекаат да заврне. СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето.

Власта наместо да создава паркови и зеленило  како што ветуваше, создава диви депонии буквално на секој чекор. И додека Шилегов си игра игрички, Скопје наместо метропола, станува една голема депонија.  Нема ден да не помине а Скопје да не е во 10 најзагадени градови во Светот, во друштво на градови од Индија и Пакистан.

Ветуваа итни мерки,  лажеа дека имаат план со кој веднаш ќе го решат проблемот,  а сведоци сме дека речиси  години ништо направија. 

Не само што ништо што не прават за да се намали загадувањето, туку со буџетот покажаа дека тоа не им е во план. За решавање на загадениот воздух одвојуваат помалку средства отколку за набавка на лубриканти и луксузни фотелји.

Единствена мерка која ја спроведоа беше гасењето на мерните станици во местата каде загадувањето е највисоко, за потоа да се фалат дека истите не покажувале загадување.  Тоа е класично потценување и непочитување на граѓаните на Република Македонија и нивното здравје.

Додека власта се расфрла со лаги, Светската здравствена организација објави дека илјадници граѓани умираат како директна последица на загадениот воздух.

СДСМ покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните и за нивните животи. Граѓаните станаа жртви на  лагите и неспособноста на Зоран Заев и СДСМ кои наместо живот донесоа црнила. Затоа мора е СДСМ веднаш да  си замине.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

6 декември, 2018 - 10:38