СДСМ и Зоран Заев демократијата и Собранието ги претворија во обичен пазар на кој се тргува со животни судбини и државни интереси

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ и Зоран Заев демократијата и Собранието ги претворија во обичен пазар на кој се тргува со животни судбини и државни интереси.

Заев за да си ја зачува сопствената кариера и бизниси, преку уцени и закани гази врз волјата на граѓаните кои јасно порачаа дека не се согласуваат со промена на името на Република Македонија.

Немајќи поддршка аболицираниот Зоран Заев ги стави во служба СЈО, Русковска обвинителството и Кацарска судството и преку нив уценува пратеници за да си ја обезбеди сопствената кариера и паричник на грбот на македонскиот народ и Република Македонија.

Уцените и заканите не се европски вредности, како што европска вредност не е ниту продажбата на државните и националните интереси. Во Европа се оди со работа,  подобар стандард, подобра инфраструктура, инвестиции, независни институции, намален криминал и корупција, а не со промена на името и идентитетот.

Црнилата и уназадувањето на секое можно поле кои ги донесоа Заев и СДСМ не може да се избришат со промената на името идентитетот, јазикот, културата и традицијата.  Единствено со оваа валкана и нечесна игра Заев ќе избрише се што е македонско додека гледа како да си ја зачува фотелјата.

СДСМ и Заев не работат ниту за државата ниту за граѓаните, не се грижат ниту за државните ниту за националните интереси, единствено се грижат за сопствените бизниси и сметки.

Овие црнила  мора што поскоро да запрат, а тоа ќе се случи единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат. Граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ за сите злодела и црнила и тогаш ќе изгрее зората за Република Македонија.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

11 јануари, 2019 - 11:08