Предистражна постапка е тајна, Зоран Заев по ниту еден закон не смее да знае како и што работи обвинителството кое е посебен државен орган

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Зоран Заев

Денес целата јавност слушна како премиерот Заев изнесе детали од истрагата за која што самиот соопшти дека е отворена против двајца владини функционери именувани во август.

Секоја предистражна или истражна постапка е тајна и согласно законот изнесување на каква било информација од постапката е спротивно на закон.

Како информациите за поведената истрага стигнале до Зоран Заев ?

Кој му ги дал информациите и зошто информациите му се дадени на Зоран Заев ?

Дали со изнесувањето на деталите за кои функционери станува збор Заев испраќа предупредување до нив за да постапуваат како што тој ќе им нареди или сака да ги предупреди за да го сокријат криминалот за кој што е отворена истрагата?

Зоран Заев по ниту еден закон не смее да знае како и што работи обвинителството кое е посебен државен орган.

Премиерот Заев со последната изјава јавно се пофали дека прекршува закони, но загрижувачки нема реакција од самото обвинителство, ниту пак од ниту еден друг орган кој има надлежност.

Сето ова буди сомнеж дека обвинителството целосно работи по нарачка и во дослух со Зоран Заев, бидејќи во спротивно треба истото да отвори случај од каде протекле информациите од истрагата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ единствено што можеме да помогнеме во целиот случај е со сигурност да потврдиме дека има најмалку едно лице во владата кое земало поткуп и ја злоупотребувало функцијата, а тоа е Зоран Заев кој е обвинет и досега избегнува рочишта за поткуп од 200 илјади евра, за што има и видео снимка.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

3 ноември, 2017 - 19:07