Демант на вест објавена на порталот Експрес - СДСМ ја спроведува операцијата “Магдалена Манаскова“

Соопштение до јавноста, демант на вест објавена на порталот Експрес - СДСМ ја спроведува операцијата “Магдалена Манаскова“

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира наводите изнесени во текстот „СДСМ ја спроведува операцијата Магдалена Манаскова“ во врска со наводните напори да се убеди пратеничката да го поддржи насилното менување на Уставот.

Пратеничката Магдалена Манаскова ги споделува ставовите на партијата дека мора да се почитува јасно изразената волја на граѓаните на одржаниот референдум каде спогодбата од Преспа не доби поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ јасно го има кажано својот став во однос на уставните промени. Граѓаните недвосмислено на 30 ти септември, се изјаснија против промена на името на Република Македонија.

Ставот на граѓаните треба да го почитуваат сите политички партии и пратеници, вклучително и тие од власта.

 

  Со почит,  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

11 јануари, 2019 - 15:11