Во болницата во Битола владее хаос

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Елена Трајчевска - член на Совет на Општина Битола и член на ОК Битола

Почитувани,

Во Битолската болница владее хаос.

Внатре во ходниците новиот режим на влегување и посета предизвика револт кај пациентите. Редици од револтирани пациенти и граѓани кои се дојдени во посета чекаат на шалтерите.

Хоспитализираните пациенти, дел од новогодишните празници на -20 степени ги поминаа без парно, а голем дел од лековите и терапијата пациентите се приморани да си ги купуваат сами затоа што Клиничка болница нема голем дел од лековите.

Пациентите за многу видови на испитувања се препраќаат во Скопје и се изложени на дополнителен трошок иако Клиничка болница има соодветни апарати но за истите нема доктори.

Од другата страна на ходниците пак во дворот, само кал и ѓубре.

До пред само една недела одделот онкологија не беше пристапен затоа што не беше исчистен снегот од дворот на Клиничка болница, а деновиве поради дождот, истиот тој двор на Клиничка болница наликува на базен. За да стигнат до одделот Заразно поради големите дупки навистина е предизвик.

Почитувани функционери од власта, да ве потсетиме затоа што очигледно вие заборавивте ветивте нов Клинички центар во Битола!

Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи надворешна реконструкција на Болницата, во втората фаза следуваше внатрешна комплетна реконструкција која вие после преземањето на власта требаше да ја реализирате, но и после две години владеење од тоа нема ништо.

Почитувани, граѓаните очекуваат реални и суштински реформи во здравствениот систем, а неограничувања, нечистотија и недостаток на основните лекови.

8 февруари, 2019 - 16:03