ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествуваат во понатамошните фази на процесот за измени на Уставот

Интегрален текст од изјава за медиуми - Антонијо Милошоски, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Врз основа на одлука на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот.

Бидејќи видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука.

Сами видовте дека дебатата за таканарачените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се.

Сметавме за едно вакво сензитивно решение како што е Уставот на Република Македонија, посебно кога истиот ваков како што е во согласност со волјата на народото изразена на Референдум ние како пратеници избрани од народот не чуствуваме потреба да даваме легитимитет на оваа фараса наречена измени на Уставот на Република Македонија.

Оние како  тесниот владин круг кои што превземале пред некого обврска без разлика на народната волја да го сменат Уставот нека продолжат тоа да го прават, но треба да бидат свесни дека ваквите постапки се незаконити, дека се спротивни на Уставот и дека немаат легитимитет од опозицијата во Република Македонија.

18 декември, 2018 - 16:52