ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесоа Интерпелација за министерката Мила Царовска

Интегрален текст од изјава за медиуми - Владимир Ѓорчев, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија поднесоа Интерпелација за работата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Причината за тоа се два документи, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година.

Министерката за труд и социјална политика ниту ги консултираше граѓаните, ниту граѓаните се запознаени, ниту се консултирани општините, ставени се пред свршен чин, а тука ваков стратешки долгорочен документ за иднината на Република Македонија се протуркува без одобрување на граѓаните.

Уште еднаш станува збор за стратешки докумнети за иднината на Република Македонија, за проекти кои што ќе значат енормни трошоци во милјарди евра во наредните десет години во делот на сместување, градење на згради и населби за мигрантите низ повеќе општини во Република Македонија, онака како што е напишано во нивната стратегија.

Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработувањето, тоа ќе значи енормни трошоци во делот на социјалните програми, средства кои што Република Македонија ги нема и ресурси кои што се ограничени.

Ресурсите и буџетот на Република Македонија првенствено и примарно треба да бидат искористени за потребите на граѓаните на Република Македонија. Ние повеќе пати побаравме од Владата на Зоран Заев и министерството за труд и социјална политика да ја повлечат оваа стратегија, да го повлечат овој акционен план, но тоа не го прават.

Вие сте сведоци, дека досега изминатва недела имавме три продолженија на Комисијата за труд и социјална политика во ова Собрание, имавме три продолженија на јавната расправа. Министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ниту еднаш не дојдоа да образложат оваа стратегија и овој акционен план со 71 прокет во 2017 година, а јавно повеќе пати соопштија дека ја поддржуваат оваа стратегија.

Тоа го направија на 21 јули во Штип каде што во својата изјава и министрката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ја кажаа нивната полна поддршка за оваа стратегија и овој акционен планво делот на мигранти, бегалци и странци во Република Македонија.

Уште еднаш од тие причини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат интерпелација за работата на министерката Мила Царовска да дојде во ова Собрание да ги образложи нејзините проекти да ја образложи оваа стратегија да ги вкрстиме аргументите и едноставно да дебатираме кој е оној кој што треба да има приоритет во програмите, средствата и Буџетот на Владата на Република Македонија.

Република Македонија има 218 илјади невработени лица. Невработеноста во изминатиот период и тоа како падна но и понатаму бројката е голема. Зборуваме за 22,9% невработеност и 218 илјади луѓе кои што сеуште се навработени.

Голем број на граѓани на Република Македонија го немаат решено нивното станбено прашање, а тука во акциониот план во делот на домување  се предвидуваат најмалку сто локации за изградба на згради за колективно домување во делот на мигранти, странци и бегалци. Тие средства и тие ресурси треба да бидат насочени кон граѓаните на Република Македонија.

Значи тоа се околностите за кои што зборуваме, тоа се иницијативите кои што ги поднесуваме. Јас само на крајот би додал дека ние имавме минатата недела ребаланс на Буџетот од Владата на Република Македонија каде што сите ставки се кратат освен во делот на вработувањата кои што секојдневно ги гледаме во Владата и министерствата. Се кратат ставки за универзитетите во Република Македонија, се кратат ставки за пензионерски домови, се кратат ставки за изградба на патишта, се кратат ставки за изградба на основни и средни училишта, се кратат ставки за изградба на водоводни и канализациони мрежи и спортски сали. Се кратат средства за инсулинска терапија, се кратат средства за заболените од туберколоза и еден куп други ставки, гледаме дека Владата на Република Македонија предвидува 71 проект во нивниот акциски план во делот на мигранти, странци и бегалци.

Значи уште еднаш за Владата на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија да бидат приоритет.

8 август, 2017 - 14:09