Владата на СДС и Заев се откажува од 60-тина странски компании и над 25.000 работни места со кои бевме во преговори, потребна е акција сега

Текст од прес конференција, Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во мојот говор во парламентот при изборот на новата влада на 31 ви мај оваа година, кажав дека заради временското ограничување во парламемтот, посебно ќе се осврнам околу странските инвестиции и она што на тој план го оставаме на новата влада. Денес, три месеци и 3 дена подоцна е добар период да го исполнам тоа мое јавно ветување.

Она што беше направено во изминатите години од страна на владата на ВМРО и коалицијата за Подобра Македонија останува како трајно наследство за сегашните и идни генерации.

Најголемиот проблем со кој се соочивме  кога формиравме влада во 2006 тата беше невработеноста. Процентот на невработеност од околу 38 осто колку што изнесуваше во време на СДС падна на историски најниски 22.9  осто во време на нашето излегување од владата, или 172 илјади нови работни места кои се резултат на макотрпна работа. Еден од главните столбови на нашата работа беше привлекувањето на странски инвестиции кои станаа еден од најважните двигатели на економијата. Едноставно македонската економија мораше да расте побрзо, а тоа можеше да се реализира со прилив на свеж капитал кој го имаат големите компании кои инвестираат во производствени погони или услугите и сервисирањата. 

Во ниту еден момент не ги запоставивме домашните инвеститори, и сите можности кои ги нудевме на странските компании важеа и за македонските.

Затоа велиме нашата одлика е работа која носи подобро за граѓаните и за државата.Еве ги конкретните резултати:

До почетокот на оваа 2017та година имаме над 100 странски компании кои функционираат во државата и кои вработуваат илјадници наши граѓани. Поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку петстотини домашни компании од што тие македонски компании на годишно ниво имаат продажба на стоки и услуги кон новите странски компании во Македонија  некаде околу 55 милиони еврагодишно, средства кои во најголем дел остануваат на домашното стопанство. Со ова домашните компании не само што стануваат посилни туку се повеќе се охрабруваат да настапуваат и во регионални рамки. Ако можат во Македонија да се добавувачи на британската мултинационална компанија  Џонсон Мети или американските гиганти Кемет Електроникс или Делфаи, или пак на германскиот бренд Маккард, зошто не би биле добавувач на такви компании и во регионот и пошироко. Во изминатите десетина години владите на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да привлечат директни странски инвестиции во висина од над 2.6 милијарди евра, а благодарение на тие странски инвестиции македонскиот извоз од 1.9 милијарди евра е зголемен на над 4 милијарди евра. Некои домашни фабрики се изградија комплетно нови и од темел само за да бидат добавувачи на некои од новите странски компании во земјата, како на пример Актива од Штип како добавувач на белгискиот автобуски гигант Ван Хул. Токму Актива резервираше уште една локација веднаш до сегашната најавувајќи ја со тоа и намерата за уште една фабрика да биде изградена.

Извозот на компаниите од зоните во првите 4 месеци оваа година изнесуваше 637 милиони евра што значи во споредба со истиот период лани е зголемен за 13 проценти. Aко растот на извозот и натаму се движи во тие рамки, до крајот на годината само од зоните извозот ќе изнесува над  2 милијарди евра или 300 милиони повеќе од лани.

Уделот на извозот само на странските компании во зоните, не сметајки ги оние надвор од нив, како Дракселмајер од Кавадарци која е надвор од зоните,  во вкупниот извоз од земјата во 2016та година достигна 40 осто.

Да потсетам, во 2006та година немаше ниту една функционална технолошко индустриска развојна зона. Отпочнавме на проект за развој на вкупно 14, сега има  8 целосно функционални зони, а останатите 6 во изградба. Во 2007-ма година започнува со работа во првата во ТИРЗ Скопје 1 со првата компанија, а денес само во зоните работат десетина илјади граѓани. Меѓу најголемите работодавачи станаа: германсата Дрекслермаер  која работи во Кавадарци и околината и вработува 5 860 граѓани, германската Кромберт и Шуберт која егзистира во зоната во Жабени и вработува речиси 3400 граѓани, Адиент Сеатинг или поранешната Џонсон Контролс во Штип која вработува 1 800 граѓани, Адиент Струмица над 800 вработени, Ки сејфти Систем во зоната во Кичево вработува над 1200, Гентерм во зоната во Прилеп над 1 000 вработени, Леар компанија во Тетово има над 1000 вработувања, Ван Хул има 876 вработени, Џонсон Мети во Скопје 742 вработени и така напаму и многу други.

Дел од компаниите задоволни од поволните услови за инвестирање се решија на отворање на нови втори и трети фабрики. на пример Американската компанија Амфенол која има три фабрики во Кочани, имаат градба на нова 4та фабрика. Вкупната бројка на вработени треба да достигне  2500 луѓе во сите 4 фабрики. Белгиската Ван Хол, започна со реализација на втората фабрика, инвестиција на дополнителни 15 милиони евра и уште 400 нови вработувања,  Италијанската Технохозе оваа година го комплетираше вториот инвестициски проект во Македонија со дополнителни 11 милиони евра инвестиции, кој предвидува дополнителни 150 нови вработувања. Најавено е изградба на нов, трет производен капацитет, со дополнителни 5 милиони евра инвестиција и над 100 нови работни места и повеќе други компании.

И оваа година и покрај тешката политичка криза и нејзината колуминација имавме добар старт со 7 странски инвестиции кои треба да отворат потенцијални над 4400 нови работни места.

1. Започна со работа новата фабрика Лутекс, германска инвестиција за производство на индустриски и технички текстил во погоните на поранешната „Нонча Камишева“ во Велес. Планот беше до крајот на годината да вработат 100 лица, со конечен план да се вработат вкупно 1000 луѓе од Велес и околината.

2. почна во Скопје со работа компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како "NYSK Holding", која ќе  се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели. Планот е конечно да вработат 200 нови лица. Ваков вид фабрики ќе има уште бидејки процедурата за дозвола ја започнаа уште најмалку 5 фабрики откако донесовме соодветен закон и овозможивме и регулиравме ваков вид производство.

3. Германската компанија „Franz Kiel GmbH“ која ќе произведува седишта за автобуската и железничката индустрија. Таа објави дека ќе инвестира во Македонија, и тоа во Желино при што треба да вработи 250 луѓе. Оваа компанија треба да е добавувач на белгиската компанија која веќе инвестираше во Македонија и произведува автобуси Ван Хул. Во моментот почната е набавка на опремата. Така што наскоро че започне производство.

4. Започна со инвестиција турската компанија Чагатај Кабло за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили како добавувач за Ван хул со што ќе се обезбедат 200 вработувања.  Оваа инвестиција беше најавена уште декември минатата година, а градежните работи започнаа ова лето.

5. Се објави дека е донесена одлука за инвестирање и е купена опрема за отворање на нова фабрика во сегментот на медицинската индустрија лоцирана меѓу Крушево и Кривогаштани. Компанијата е од САД. Оваа фабрика веќе објави оглас за вработувања и планира да стигне до 300 вработувања.

6. Започна со работа во Струмица компанијата од автомобилската индустрија Адиент, или поранешен Џонсон Контролс кој ќе вработи најмалку 1500 врботени, а веќе досега има вработено над 800 луѓе.

7. Започна и градбата на фабриката на Вик од Германија во зоната во Прилеп за производство на апарати за кујна, компанија на која работевме цели две години и која ќе вработи 1000 невработени лица.

Значи 7 инвестиции, за над 4400 вработувања само во првите 5 месеци  во кои функциониравем како техничка влада.

Почитувани,

Над три месеци државата ја води владата на СДС. Резултатот на нови странски инвестиции е НУЛА, како и бројот на новоотворени работни места кои се резултат на ваквите инвестиции.

Загрижуваат неколку работи:

Прво, на местото на поранешните министри кои ги донесовме од врвни мултинационални компании од Америка и Европа се назначија министри кои немаат ниту барем 1 осто меѓународно искуство и знаење како нивното во делот на привлекивањето и менаџирање со крупни странски компании кои се барани насекаде во светот. На местото на Веле Самак кој дипломираше на Јел и кој дојде од Мајкрософт од Сиетел се постави Рамиз Мерко од Струга, на местото на Бил Павлески кој дојде од Хјулид Пакард од Бостон се постави Самка Ибраимовски. На местото на Горан Мицковски кој дојде од Лондон како соработник на Кредит Свис се назначи Зорица Апостолоска чии највисок дострел беше членство во УО на агенцијта за пензиски фондови на РМ.

 На местото на Џери Наумоф од Чикаго дојде Зоран Шапурич. Џери кој е роден и израснат во Охајо и Чикаго, навистина имаше потешкотии со македонскиот јазик, но тоа не му пречеше да донесе 10 тина фабрики кои отворија многу нови работни места и усреќија многу семејства. Шапурич колку што разбрав е цврсто убеден дека со македонски јазик ќе ги и освои странските инвеститори.

Конечно и Харвардовиот студент Виктор Мизо, кој дојде од Меккензи, Магна  и Џенерал Електрик замина од позицијата директор на ТИРЗ, а го замени Александар Младеновски активист на шарената револуција и активист на невладина организација.

 На местото на Висар Фида, ИТ инжињер од државниот универзитет во Виена и долгогоди врботен во Сименс во Германија, Австрија, Америка дојде Дарио Николовски, секретар на општинскиот комитет на СДС во Гази Баба.

Значи министрите во владата задолжени за приблекување инвестиции се првиот многу загрижувачки сигнал.

Второ, Владата ги повлече сите 33 инвестициски промотори од Европа, од Америка и од Азија, прогласувајки ги за непотребни и за трошок. Истите тие иницираа или донесоа голем број инвеститори и се покажаа за полн погодок во целата шема на привлекување странски инвестиции и беа сериозна мрежа која делумно самата пронаоѓаше и носеше инвеститори, делумно во соработка со министрите задолжени за инвестиции.

Трето, се објави дека во иднина Македонија нема веќе да се рекламира на CNN и на други светски медиуми како инвестициска дестинација, бидејки и тоа се прогласи за непотребен трошок. Да потсетам дека неколку сопственици или менаџери на компании јавно објавија дека токму меѓународните реклами биле првата информација за нив за Македонија како инвестициска дестинација. Такви изјави дадоа и претседателот на Кемет Електроникс од Америка при почетокот на градбата на нивната фабрика во Скопје и сопственикот на Техникал Текстаил од Германија кој изгради фабрика во Штип, и уште неколку други.

Четврто, Владата објави дека во иднина секој инвеститор кој сака да дојде во Македонија и д добие субвенции за тоа ќе може но само доколку прифати услов дел од набавките да му бидат од Македонски компании. Колку и да звучи ова убаво, за жал ова доколку се примени ќе одврати многу инвеститори кои наместо во Македонија ќе заминат во некоја од конкурентските земји во регионот или источна Европа каде нема ваков вид услов. Патем речено секој инвеститор посакува да набавува од локален добавувач доколку квалитетот е здоволителен, а цената конкурентна, но не би се чуствувал комотно ако тоа му е услов или закана. Ниту пак Македонија со сеуште високиот број на невработени е во ситуација да поставува вакви услови, кои не сум чул дека ги поставува некоја друга земја во светот. Македонија е во ситуација. Нам ни требаат и оние инвеститори кои нема да ангажираат домашни компании како добавувачи, заради тоа што ќе вработат 200, 300, 500 или повеќе невработени, кои ако не најдат работа во Македонија, ќе мораат да заминат во друга земја или да живеат во сиромаштија и да се на товар на државата преку програмите за социјана помош.

Петто згора на се, преку редица демагошки настапи се гради атмосфера дека странските инвеститори многу добиле во Македонија, премногу им се дало или дека давале ниски плати и многу од нив биле за ниско квалификувана работна сила, небаре сите невработени во Македонија се со високо образование знаење, па потребни се исклучиво високо технолошки компании. Нашата стратегија беше да привлекуваме и компании кои бараат високо квалификуван кадар, но и компани кои бараат ниско квалификуван кадар од проста причина што имавме многу такви невработени и се трудевме и за нив, пониско квалификуваните да има понуда за работа. Сите се наши граѓани и за сите треба да се грижиме, а не само за оние со високи квалификации.

 Шесто. Се најави и постепено зголемување на даноците. Она што министерот за финасии ја известил светската банка во разговор со нивни преставници, а исто така неговите соработници и јавноста, е дека новата влада во својот мандат планира освен воведување прогресивно одданочување и постепено золемување на персоналниот данок, данокот на добивка и придонесите за здравство и пензиско, што не е само лоша вест за странските, туку уште повеќе и за домашните инвестори.

Седмо, Народната банка на Република Македонија констатираше дека странските директни инвестиции во првото полугодие близу за 100 милиони евра се помали отколку истиот период лани. Летово доживеавме и период на дезинвестирање, поточно кога повеќе има одлив одколку прилив на странски инвестиции. Минатиот месец се објави информација на ДЗС од која се гледа пад на индустриското произвоство и пад на просечните плати во Македонија. Од повеќето објавени параметри се гледа дека влеговме во период на стагнација на економијата и лоши резултати по речиси сите основи. Ова освен како критика, очекувам да се свати и како рано предупреување на владата.

Осмо и многу важно, Владата на СДС донесе исклучително штетна одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат. Тука сакам да се осврнам на неколку моменти.

 Не е никаква тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, да дава субвенции по некаква основа. Тоа и досега не било тајна, било согласно закон одобрен од ЕУ и истото даде огромни резултати во намалување на невработеноста.

 Со оваа нова одлука  владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави на пример во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејки најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави некогаш и 10 со различни понуди кои најчесто не се објавуваат. Второ затоа што секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога... Понекогаш кога конкуренцијата на земји за еден инвеститор е голема и силна, а неговата важност огромна, субвенциите се поголеми, а некогаш може да се успее и со помали субвенции. Тоа е предмет на преговори. Во поретки случаи се успева да се привлелат и без субвенции.

Најавеното објавување еден вид официјално објавен ценовник за државната помош како и да го наречат тоа, во реалноста ќе резултира со многу загубени битки во однос на привлекување компании од странство да отворат нови работни места во Македонија.

Овие и многу други чекори отвораат прашања дали воопшто новата влада сака да привлече странски компании, да отвораат нови работни места во Македонија.

Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност тие тоа го сакаат.

Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да превземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработени.

Ваквата стагнација ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните. Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и на домашните компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори. Во услови кога во регионот, Европа, но и светот далеку поразвиени држави се борат за секоја нова инвестиција владата на СДС се откажува од таквата трка и излегува од конкуренција.

Македонија е мала држава и потребен и е силно придвижување нанапред. Затоа се потребни нови странски инвестиции. Невработеноста сериозно се намали и тоа во тешко време на една светска и една европска финасиска и економска криза, како и една домашна политичка криза, но таа невработеност сеуште е висока, и потребно е многу работа за натамошни успеси.

Мојот тим за странски инвестиции додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше државата напорно работеше, а некогаш до самата одлука за инвестирање на една компанија се потребни повеќе години. Овој труд не смее да биде отрфлен и да пропадне, бидејќи се работи за идната егзистенција на многу граѓани и од тоа зависи развојот на македонската економија.

 Почитувани,

Дозволете, како што најавив на 31ви мај, на оваа прес конференција да информирам што е она што во наследство е оставено на владата на СДС како преговори во подлабока фаза со странски компании за нивно влегување со нови фабрики во Македонија.

Владиниот тим беше во комуникација со неколку стотици компании за нивно инвестирање во Македонија, но во сериозна и многу длабока фаза на разговори бевме со речиси 60 тина компании кои доколку не бидат попречени, или на било кој начин одвратени, особено преку овие новини кои ги најави владата и севкупно со новиот однос и пристап, овие инвеститори ќе донесат потенцијално над 25 илјади нови директни вработувања. Секако и голем број индиректни работни места. Заради професионален однос кон компаниите нивните имиња нема да ги објавам. Ќе дадам само краток опис на нив, а се разбира Владините институции ги имаат имињата. Доколку неможат да ги најдат, ние сме тука да им ги дадеме сите детали.

Па така,

Една многу позната и моќна јапонска компанија која потекнува од автомобилската индустрија е заинтересирана за инвестирање во Куманово или Скопје, а крајната цел е да се вработат 1500 луѓе. Тимот на владата на ВМРО-ДПМНЕ одржа во минатото повеќе средби. Реализирани се неколку нивни посети и преговори. Се очекува донесување на позитивна одлука за инвестирање до крајот на годината, ова е важна инвестиција која не треба да биде пропуштена.

Американска компанија која е веќе присутна во државава размислуваше да отвори уште една фабрика во Македонија, при што најголеми шанси имаше да биде реализирана во Скопје и да вработи нови 1500 вработени, повторувам 1500 вработени. Инвестицијата ќе чинеше 18 милиони евра, а она што како последна информација го имаме во последните две недели е дека проектот можно е да биде лоциран во друга држава.

Американска компанија од автомобилската индустрија која веќе инвестираше во Македонија, пројави интерес да инвестира во нов погон каде на почеток ќе започнат со 500, а потоа по комплетирањето ќе вработи вкупно 3000 луѓе. Тие имаа интерес за изнајмување на постоечки објект за започнување со производство на електрични и мрежни инсталации за автомобилска индустрија и подоцна изградба на нов објект во ТИРЗ.

Северно американска компанија за производство на менувачи беше заинтересирана да инвестира во свој капацитет во Скопје при што ќе се вработат 1000 луѓе. Поради актуелните политички случувања плановите за инвестирање беа ставени во мирување. Од компанијата најавуваат дека за проектот ќе се одлучува наредната година. Задача на владата на СДС е да ги реактуелизира разговорите со компанијата кои се замрени над три месеци.

Една американска компанија од автомобилската индустрија која веќе инвестираше во зона во југозападна Македонија и е моментално голем вработувач одлучи да отпочне со своја втора инвестиција, односно да дислоцира од постоечкото производство од друга држава токму во Македонија и да обезбеди во прва фаза 100 нови работни места, а во крајната фаза откако ќе помине тест производство да стигне до 800 вработувања.  Градежните работи таму се во тек, а планираниот почеток на работа е септември или отковмри 2017 веднаш до сегашната нивна фабрика во Македонија.

Една американска компанија која е од пазарот со телекомуникациски услуги имаше план за инвестирање при што донесе и интерна одлука за такво нешто. Инвестицијата требаше да биде во Скопје и да вработи 500 луѓе, но поради политичката криза и изгубените контакти со новата влада таа ова лето беше откажана

Една постоечка северно европска компанија која веќе инвестираше во Скопје и е од автомобилската индустрија ги разгледуваше можностите за инвестирање и избор на нова локација во ТИРЗ надвор од Скопје каде ќе вработеше нови 400 луѓе. Нема никаков напредок.

Компанија од Северна Америка за производство на компоненти за автомобилска индустрија беше пред финална одлука за инвестирање во Македонија која беше одбрана за потенцијално место за инвестирање  во конкуренција со две други европски држави. Одлуката требаше да биде донесена оваа есен, а ќе обезбеди 300 нови вработување во зоната надвор од Скопје. Инвстицијата ќе значеше нови 10 до 15 милјони долари. За жал нема никаква новост што се однесува на оваа инвестиција.

Турска компанија која се занимава со производство на кабли и електрични инсталации потврди дека ќе инвестира во државата. Резервирана беше парцела во една во зоните во Скопје, планот беше да обезбеди 300вработувања . Планирано беше почетокот на градба да биде во текот на летото, а нејзиното завршување во 2018та година. До сега за жал нема ништо ново и инвестицијата е закочена.

Компанија од автомобилската индустрија од САД која веќе инвестира во Македонија, размислуваше за проширување на постојната инвестиција и да обезбеди 250 нови работни места во Скопје. Разговорите се препуштени на новата влада на СДС и брзо се очекува кончена одлука.

Една компанија од Америка од технолошката индустрија сакаше да инвестира во отворање на технички центар во една од скопските зони,  да вработи 200 луѓе високо квалификуван технички кадар, главно инжинери. Организирани се 3 посети на државата, и беа пред финална одлука за инвестирање.

Една словенечка компанија од керамичката индустрија е заинтересирана за инвестирање во Скопје или град во истокот главно за Кратово. Пред летото се вршеше избор на браунфилд локација, а беше и обезбедена опрема. Требаше да обезбеди 100 нови вработувања. Потребен е ангажман од владата за реализација на оваа инвестиција.

Компанија од САД со седиште во Белгија со која бевме во подолги разговори претходно ни потврди намера да инвестира во Македонија во погон за делови за камиони, автобуси и патнички возила – ситеми за кочење, стабилизација автоматско менување, итн и која има планови да вработи околу 500 лица во Скопје и да инвестира над 26 милиони долари. Компанијата побара средба со новата влада со цел да ја оцени можноста за соработка со новата влада. Досега немаат одговор

Компанија од Јужна Европа која има мешовит капитал и е од автомобилската индустрија а се занимава со производство на Алуминиумски лиени делови , блокови за мотор, блокови за менувачи, шасија, итн беше во финална фаза на носење на одлука за потенцијално инвестирање во зоните во Штип или Скопје притоа планираа да вработи 350 лица и да инвестира 40 милиони евра. Тимот за привлекување на инвестиции одржа повеќе состаноци при што се чекаше финална одлука на менаџментот на компанијата.  Се надеваме дека ќе се реализира.

 Компанија од Германија која се занимава со производство на компоненти за шасија за авотомобили исто така е во финална фаза на носење одлука за инвестиција во грин филд погон во Скопје обезбедувајќи најмалку 500 вработувања со тенденција оваа бројка да расте во зависност на реализацијата на инвестицијата . Финалната одлука се очекува до крајот на 2017.  Потребна е посветена работа.

Бевме во посериозна фаза на разговори со компанија од Турција која се занимава со производство на автомобилски компоненти за осовини, воздушни компресори, итн. Планот беше во втората половина на годинава, по направените анализи да превземе натамошни чекори околу потенцијалната инвестиција која би донела нови 350 вработувања во ТИРЗ Скопје, а висината би изнесувала над 17 милиони евра.

Бевме во напредна фаза на преговори и со уште една италијанска компанија од областа на индустријата за аудиокомпоненти, звучници и антени. Сеуште не беше одлучено во кој град би се лоцирала,  оваа инвестиција би донела нови 150 вработени. Компанијата е во финална фаза на анализи, државава ја имаат ставено за прироитетна листа за инвестирање и се очекува одлука до крајот на 2017. Потребни се интензивни разговори кои во моментов за жал според нашите информации не се случуваат.

Бевме во напредна фаза и со водечка германска компанија, светски гигант во автомобилска индустрија производител на системи за управување, преносни системи, системи за кочење, шасии, електроника за автомобили, камиони и автобуси, која што по 4 години дијалог и контакти потврди дека РМ е на кусата листа за инвестиција во производствен погон. ... Планираа посета во 3 квартал на 2017. Оваа инвестиција би значела 500 вработувања во грин филд објект за кој што сеуште не е одлучено каде ќе го градат. Инвестицијата би можела да достигне до 40 м евра.

Бевме во преговори со уште една германска компанија од автомобилската индустрија производител на гаванизирани компоненти за автомобилска индустрија каде бевме на кратка листа на можни локации за ивестирање. Потенцијални градови каде постоеше интерес да се реализира инвестицијата беа Охрид, Штип и Скопје.  Нивниот план опфаќа 200 нови вработувања со можност таа бројка да се искачи до 300 вработувања.  Потребен е интензивен пристап од владата.

Во напредна фаза беа и проекти со уште две европски компании од автомобилска и аудио индустрија, германска компанија производител на метални туби и пластични компоненти за автомобили и италијанска компанија производител на аудио опрема. И за девете компании Македонија е на кратката листа за локации за нивните инвестиции. Двете компании се заинтересирани за гринф филнд инвестиции и сеуште немаа одредено градови каде би инвестирале. Двете компании би вработиле вкупно 450 и тоа 250 пврата плус200 вторат луѓе. Италијанската компанија би инвестирала до 12 милиони евра, а германската околу 10 милиони евра.

Во пелагонискиот регион  една германска компанија која има неформална одлука за градба на втор капацитет, задоволни од условите за инвестирање сакаа да го прошират производството со најмалку 150 нови вработувања.

Само кусо да нотирам дека една компанија која донесе одлука да гради и веќе инвестира во Македонија со финална бројка од 1000 вработувања, имаат закупено и втора парцела во истата зона каде инвестираат со можност за градба на втор капацитет кој доколку се изгради целокупната инвестиија со двата капацитета би донела 3000 вработувања. Потребен е севкупен ангажман од владата за да се реализираат плановите на оваа компанија.

Една високо образовна институција од друга држава е заинтересирана да отвори приватен универзитет во Скопје. Специјалност ќе се медицинските науки, а во моментот се бара локација. Ова е инвестиција во високото образование и ќе обезбеди триесетина вработувања на високо стручен кадар. Според планот, целта на универзитетот е да биде меѓународен и атрактивен за над 1000 интернационални студенти со оглед дека ќе се настојува да се оозможи практична настава во медицински установи во САД. Во финална фаза предвидено е да има 50-60 вработени за потребите на факултетот.

Во посериозна фаза на разговори бевме со компанија од Турција која е заинтересирана за инвестиција за земјоделско производство, со првични триесетина вработувања, но и со најмалку стотина сезонски работници. Во моментот се бара локација за обезбедување на земјиште. Фирма беше регистрирана пред 3 месеци, а најповолни локации се оценуваат Велес и Кочани.

Во преговори бевме и со една германска компанија од електронската индустрија која се занимава со производство на проводници и полупроводници, и која сака да отвори фабрика во Штип или Скопје. Компанијата размислува за локација од околу 10 000 м2 за производствен погон со околу 600 вработени, со можност да таа бројка порасне и до 1000 вработени на подолг период. Беше побаран простор за дополнителни анализи на компанијата по што до крајот на годината треба да донесат финална одлука.

Бевме во разговори со Британска компанија која се занимава со производство на висока технологија од роботничката индустрија и автоматизирани машини која планираше да инвестира во Македонија. Тие веќе имаа избрано консултантска куќа од Скопје за проучување на нормативните правила и процесот на отворање на фирма. Оваа инвестиција треба да стигне до 70 вработувања на високо стручен и образован кадар.

Компанија од биотехнолошката индустрија со потекло од скандинавскиот регион беше заинтересирана да отвори фабрика за производство на ензими (посебен вид додатоци) кои се користат во повеќе видови индустрии како што се хемиската, фармацевтската и прехранбената индустрија. Се чекаше финална одлука на бордот на директори, а најавите беа дека ќе има позитивен исход од тоа. Ова ќе обезбедеше 150 вработувања во прва фаза а потоа таа бројка ќе дојдеше до 220 вработувања. Досега нема позитивен резултат ниту прогрес во реализација на оваа инвестиција.

Компанија од Јапонија од хотелиерскиот бизнис со поголем ланец на хотели на почетокот на годината донесе одлука за градба на хотелски капацитет во Скопје. Инвестиција е од 10 милиони евра и 100 нови вработувања. Се чека чиста локација за почеток на градба и заинтересирана и посветена влада.

Со една американска компанија од областа на спа и геотермалниот туризам беше потпишан меморандум за разбирање. Нивната намера беше изградба на спа центри во централна и југозападна македонија и 100 вработувања. Се работи за компелксна и според сумата позамашна инвестиција која би достигнала според нивните кажувања до 100 м евра, сето ова бара силен понатамошен ангажман. За жал она што го знаеме како повратна информација е дека тие не се комуницирани од владата на сдс.

Во разговори бевме со една британска компанија од областа на автомобилската индустрија  која имаше за план да вработи 500 лица во крајната фаза а би започнале во прва фаза со 150, па потоа би дошле до 300 и би финиширале со 500 вработувања. Се разгледуваа повеќе можни локации за инвестицијата. Инвестицијата тежи 30 милиони фунти. Она што остана да се дозаврши беше токму финализирањето на одлуката и нејзино официјализирање.

Турска компанија сакаше да инвестира во отворање на погон за производство на земјоделска механизација, во битолскиот регион. Оваа инвестиција ќе овозможеше 110 вработувања. Во прва фаза 50 вработувања, за да достигне до 110 вработувања. За таа цел беше купено земјиште и компанијата доби имотен лист. Треба да се почне со градба во август-септември.

Во напредна фаза на разговори бевме со словенечка компанија која сакаше да отвори производство на спортска опрема при што ќе обезбеди 100 вработувања. Планот беше да биде лоцирана во североисточна Македонија, а до крајот на годината да купат објект каде ќе ја лоцираат својата опрема за производство. Тие за оваа намена формираа веќе фирма.

Во преговори бевме и со американски компании, од кои едната беше заинтересирана за отворање на капацитет со 300 вработувања за производство на електрични кабли во прва фаза а по реализацијата на втората фаза да достигне до 700 вработувања, а другата за производство на медицински канабис за која цел е и купено земјоделско земјиште во општина Кривогашани со површина од 2 хектари и 300 нови вработувања.

Се реализира втор погон кој е во фаза на градба, од инвестицијата на компанијата Kapkon за производство на воздушни перничиња и треба да обезбедат нови 150 вработувања во фабриката во Скопје.  Се надеваме дека ова успешно ќе заврши.

Словачка компанија со која се потпиша меморандум за изградба на фабрика за производство на пелети и брикети во Македонија до крајот на годината се очекува да започне да гради грин филд објект во Велес и да обезбедат 500 вработувања инвестиција вредна 20 милиони евра. Потребно е силно менаџирање од владата ова да се оствари.

Исто така, значајно е да се напомене дека американската компанија која веќе отвори свои погони во град во источна Македонија планира да ги зголеми капацитетите за две нови дивизии во рамки на еден нов објект кој би требало да започне со градба оваа година, за производство на кабли за специјални возила со што би се отвориле дополнителни 500 работни места. Во моментот оваа компанија има 5 погони и над 1.700 вработени а до крајот на 2017 година е планирано вработување на уште 200 лица. Но она што е потребно за да ова се реализира е силен ангажман од владата и секојдневна комуникација за да се стигне до посакуваната цел.

Во разговори бевме со словачка компанија која се занимава со производство на опрема за ладење и има интерес за отворање на фабрика за производството на разладни уреди, соларни разладни уреди, витрини за пијалоци во Радовиш. Оваа инвестиција би значела нови 300 вработувања, и би се одвивала во 2 фази. Прва фаза 10 Мил Евра, втора фаза 20 мил. Прва фаза 150 вработувања, а со втората би се постигнале 300 вкупно.

Во сериозни преговоривме бевме со уште една огромна мултинационљлна  компанија која се занимава со производство на трактори и земјоделска механизација, една од најголемите во светот, со чии преставници имавме повеќе средби вилучувајки и моја средба со претседателот на компанијата. Тие пројавија интерес за инвестирање во грин филд објект во Куманово со што ќе обезбедеа нови 300 вработувања. Освен вработувањата она што ќе е корисно е фактот што инвестицијата ќе значеше попристапна и поевтина земјоделска механизација и трактори за македонските земјоделци. Она што го имам како повратна информација е дека по смената на владите, практично оваа компанија воопшто не е комуницирана од владата на СДС

Интернационална компанија за индустриска и автомобилска електроника со годишен обрт на 800М долари и фабрики во поширокиот регион беше  заинтересирана за инвестиција од 26м евра и 1500 вработувања со експанзија во 3 фази. Македонија е избрана од регионот како најповолна дестинација за инвестирање, потребно е продолжување на понатамошната комуникација за конечна одлука. Одлична можност што не треба да се пропушти. 

После 2 години преговори една италијанска компанија од сферата на земјоделското производство одлучи да инвестира во Македонија, поточно во Радовиш. За таа цел основаше македонска компанија. Според планот - ке се подигне плантажа на 180 ха со лешников насад. Рок за отпочнување на активностите е септември 2017та година.  Компанијата планира да применува најсовремени агротехнички мерки при подготовка и воспоставување на плантажата. Целосно воспоставување на плантажата се планира да се заврши во 2 сезони. Оваа инвестиција ќе значи сигурни 30 вработувања и нови 100 сезонски вработувања.

Компанија од централна европа која се занимава со производство на електрични автобуси и трактори и земјоделска механизација беше заинтересирана да инвестира првично во браунфилд објект па потоа да изградат гринфилд објект, во економска зона во Штип. Имаат донесено интерна одлука за инвестирање, и се чекаше нејзино официјализирање. Планот е да се вработат 250 лица на површина од 5ха, а веќе еден нивен добавувач работи во зона во централна Македонија. Она што сме информирани е дека требаше во месец август менаџментот да ја посети државата и да соопшти конечна одлука. За позитивна одлука сеуште нема никаков сигнал.

Турска компанија за дизајн и производство на лагери за автомобилската индустрија има интерес за отворање фабрика за производство на лагери во ТИРЗ Скопје 2. Инвестицијата би се реализирала во 2 фази и би се вработиле по целосната реализација на фазите 500 вработени. Инвестицијата би чинела 50 м долари. Последната посета на главниот менаџмент на компанијата беше на почетокот на јуни. Доставен е детален финансиски план од страна на компанијата  а она што треба да следи е носење на финална одлука за инвестицијата.

Друга турска компанија за производство на навлаки за седишта во автомобилската индустрија има интерес и водевме разговори за отворање нова фабрика во Источна Македонија со 500 вработени и извоз на ЕУ пазарите. Направена е првична компаративна анализа и следуваа неколку средби и разговори, по што не' информираа дека истите ќе продолжат откако ќе се формира Влада со цел потврда на инвестицијата и потпишување на договор за државна помош.

Се водеа разговори со белгиска компанија за градба на соларен парк во Македонија, за што е донесена интерна одлука за инвестирање во ТИРЗ Тетово. Инвестицијата ќе биде поделена во 2 фази со вкупен капитал од 4 мил.Евра и вработување на 50 лица. Требаше во јули и август да се потпише договор за градба.

Компанија од Шкотска беше заинтересирана да отвори фабрика за производство на компоненти од автомобилската индустрија со што ќе обезбедет 100 вработувања. Тие сакаа да инвестираат во зоната во Радовиш, а да започнат во браунфилд објект во Илинден. Препорачувам многу сериозно владата на СДС да се посвети кон реализација на оваа инвестиција пред да биде уште една пропуштена шанса.

Европска белгиска иновативна компанија која започнала со производство на био детергенти има интерес за проширување на производството и донесена одлука за лоцирање на следниот погон за производство и полнење на биодетергенти во РМ со вработување на 30 лица. За време на последната посета во РМ на почеток на летото регистрираа компанија во Македонија и донесоа одлука за отворање на погон во ТИРЗ Тетово. Следно е посета и да се потпише договорот за конкретната парцела и да се отпочне со изградба.

Фармацевска европска компанија  беше заинтересирана за производство на медицинска опрема (цевки игли и катетри). Оваа инвестиција ќе значи 200 вработувања на локација во една од зоните во Скопје или Радовиш. Требаше да се потпише пред договор по што ќе започнеше и фаза на градба на објектот па почетокот со работа најкасно до јануари 2018та година.За жал овде нема никаков напредок од новата влада

 Европска компанија која се занимава со обработка на отпад пројави интерес да инвестира во погон во општината Илинден или Кочани, со што ќе се обезбедат 70 вработувања и ќе се инвестираат 2 милиони евра. Контактите се прекинати поради неангажирањето на економските промотори од страна на Владата.

 Американска компанија од Металопреработувацка индустрија беше во преговори со еден од промоторите да инвестира во Македонија со што ќе обезбеди до 400 вработувања ,и ќе инвестира 20 милиони долари. Македонија е во финална трка за избор на најповолна дестинација за инвестирање во конкуренција со други 3 држави. Менаџментот на компанијата доаѓа во посета на државата во октомври.

Друга американска компанија од автомобилска индустрија е заинтересирана за отворање на фабрика во Скопје со која ќе се вработат нови 400 луѓе, а менаџментот на компанијата сака да дојде во државава овој месец, доколку се биде како што треба градбата би почнала до крајот на годинава а отворањето би било наредната. Потребен е силен ангажман на владата.

Турска текстилна компанија од кожарска индустрија е заинтересирана да отвори капацитет во државава во град за кој дополнително ќе биде одлучено, со што ќе обезбеди 100 вработувања,а вкупната инвестиција би била 20мил евра. Она што сме информирани е дека овој месец е планирана посета на менаџментот на компанијата на државава.

Исто така друга турска компанија за обработка на пластичен отпад е заинтересирана да инвестира во некоја од индустриските зони на општините во отворање на погон, инвестиција од 2 милиони евра со која ќе се обезбедат нови 30 вработувања.

Во посериозна фаза на разговори бевме со две турски компании кои беа заинтересирани да инвестираат во Македонија. Првата за производство на технички текстил која планираше 200 нови вработувања во Тетово. Другата компанија е за производство на техкстил за мебел, заинтересирани за бранфилд објект кој ќе го адаптираа за своите потреби и ќе значеше 100 вработени. Разговорите со овие две компании се во застој и истите треба да се динамизираат.

Почитувани ова се многу компании, а ги има повеќе. Веројатно да останеше владата на ВМРО во меѓувреме дел од овие ќе беа започнати а сигурно уште десетина  од нови ќе се најдоа на овој список на инвестиции во длабока фаза на договарање. Потребна е работа и посветеност.

Најголема загуба ќе биде за граѓаните и државата доколку вложениот труд не биде надограден и продолжен.

Државата нема време за губење, а реализацијата на овие инвестиции ќе значи најмалку дуплирање на досегашната заработка на мнгоу домашни компании и зголемување на извозот на државата што значи повеќе пари во буџетот. Новата влада согласно распределбата на ресори влидливо го има занемарено сегментот на странски инвестиции. Јас во овој момент не препознавам тим кој може ниту пак сака  да направи значителен исчекор напред, што не е добро за државата. Апелирам овие инвестиции и разговорите околу нив да се финишираат. Секоја успешна инвестиција значи нова надеж и сигурна иднина за многу граѓани.

Ова е концепт кој е граден со години и кој даде резултати. Тоа е работа која носи подобро. И не треба да се напушти поради политичка малиционост и тесноградост. Штетите кои би се направиле би биле несогледливи за македонската економија.

 

Ви благодарам.

 

3 септември, 2017 - 17:37