Таргетот е ВМРО, за да се ослаби Македонија, нема да нѐ скршат

Прес конференција на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, 

ВМРО-ДПМНЕ е нападната.

Како никогаш досега во историјата на Република Македонија па и на цела Европа, не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или да се замолкне.

 

 

Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто.

Тоа што го зборувавме тоа и се случи.

Станува збор за политички, а не за правен процес.

СЈО одамна ја изгуби непристрасноста и кредибилитетот со својата работа и стана инструмент за политички прогон. СЈО не е обвинителство. СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес, кој има политичка цел, е тоа што носи одлуки без никакви правни докази.

Процесот е политички, а не правен.

Таков политички процес треба да финишира со политичка, а не правна цел.

Целта е ВМРО. Целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни на оној кој го креираше овој процес.

Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО. Кршење на ВМРО за слабеење на Македонија.

Сакам да им порачам: Нема да успеат. Нема да не скршат. Ние остануваме на бедемот на државата.

Во овој процес како никаде на друго место нападнати и обвинети се и судии заради слободна судска одлука, како и членови на ДИК, на чии одлуки имало можности за жалби, како и за новинари затоа што критички ги опсервирале. Преседан од невидени размери. Но, целта е да се заплаши судството, да се заплашат судиите, да одлучуваат во корист на целта на СДСМ и нивниот инструмент СЈО, како и да се заплашат новинарите како и целиот народот.

Почитувани граѓани,

Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, што одолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори, или пак спроведување на платформи на туѓи држави. Што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а на како некои други што ја посакуваат, и што некој друг прифатил поинаку, па не знае  како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170 илјади членови и 455 илјади гласачи. Ќе повторам ова што се случува во Македонија го нема никаде на светот.

Оваа е срамен и кукавички чин. Свесни дека тоа за што се обврзале да го прават пред нивните  налогодавци нема да остане премолчено од ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа  на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас, откако предходно работеа на создавање на  подлога.

Како е можно да кажат дека за случајот Талир имале само еден месец кога имаа најмалку 18. Што правеа во изминатите 18 месеци.

Водени се  од омраза, гнев и обврските кон налогодавачите.

Но оваа нема да им помине и ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие оваа, длабоко се излажале.

Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекуваа попустливоста во  нашето делување завршува денес.

Сега е времето историјата да оценува и да суди, зошто ние се  плашиме само од судот на историјата, а СЈО ќе биде после некое  време оној дел  историјата, од кој ќе се срами секој што  ја сака оваа држава.

Овде очигледно не е само Никола Груевски во прашање, туку во прашање е една идеја за Македонија, силна, цврста и самостојна која сакаат да ја скршат и спемни на се заради тоа.

Врхушката на СДС, разјарени и полни со омраза се ситат  на ова но брзо ќе дојде денот кога ќе сватат дека кругот се врти и продолжува да се врти и многу лесно од горниот дел може да се најдат во долниот дел на кругот.

Онаа што дополнително загрижува се информациите дека раководството на СДС било во постојана комуникација со неколку од обвинителите и ги кординирале заеднички сите нивни активности.

Затоа е и јасно зошто секогаш кога  Заев ќе направи сериозен гаф или крупна политичка грешка, СЈО се јавува со некој спектакл.

Подлогата која ја создаваа нивните медиуми беше само дополнителен декор во амбиентот ВМРО-ДПМНЕ да се прикаже како некакво злосторничко здружување, а всушност иднината ќе докаже дека СДС е тоа и дека делува на криминален и организиран начин со цел рушење на државните и национални интереси и ние ќе направиме максимум да се докаже тоа.

Значи Заев не е криминалец, ниту уличарите на СДС не се криминалци. Тие на најгруб начин се обидуваат да наместат цела една гарнитура од околу 100 лица од нашата партија.

Ова е класична политичка и антимакедонска конструкција. Иднината тоа ќе го докаже, како што ќе се докаже и историската одговорност која ја носат сите овие лица кои сега јаваат на бранот на еуфоријата, мислејќи дека времето почнува и завршува со нив и дека вечно ќе им трае ова ситно задоволство.

                     

29 јуни, 2017 - 17:49