Со синоќешниот инцидент во Карпош власта се обидува да испрати порака на заплашување

 Интегрален текст од изјава за медиуми на Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош

Почитувани,

Криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е  способна да го одржи јавниот ред и мир.

Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување.

Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет Владо Тасевски. ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати реагира на безбедноста во Карпош и во Скопје. Изборниот процес не е ни започнат, а видете што се случува.

Во повеќе наврати опоменувавме дека криминалот во Карпош е во подем. Минатата година во само 3 квартала имаше 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, ниту едно, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома.

Бараме итно расветлување на овој случај, бидејќи во спротивно само ќе се потврдат нашите сомнежи дека се работи за политички мотивиран случај во организација на власта.

 

8 февруари, 2019 - 15:34