СДС покажува дека нема долгорочен план за енергетиката

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Лилјана Затуроска

Почитувани,

Предлог Буџетот на СДС во делот за енергетиката покажува дека власта нема никаков план за развој на овој сектор, кога СДС е на власт енергетиката и енергетските капацитети се оставаат на забот на времето.

СДС за 2018 година не предвидува средства за изградба на нови термо блокови, ниту пак инвестиции во нови јагленокопи со што би се продолжил животниот век на постоечките капацитети.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ управуваше со државата беше предвидено изградба на термоелектрана во делчевско и нов јагленокоп во битолско за потребите на РЕК Битола.

СДС покажува дека нема долгорочен план за енергетиката. СДС со своето кратење во сектор енергетика прави од Македонија енергетски зависна држава во делот на производството на струја, енергенс кој ако продолжи вака владата ќе мораме да го увезуваме во се поголем процент.

Јавноста и медиумите се повеќе прашуваат дали неинвестирањето во енергетиката всушност е тенденциозно и е предизвикано од други причини? Дали владата одработува за компаниите на Анѓушев кои се увозници на струја и кои би имале и книжеле милионски профити од зголемениот увоз?

Почитувани,

Новата Влада ги закочи сите проекти за гасификација. До сега поголем дел од нив требаше да бидат во финална фаза. Новата влада го стопираше и проектот за гасоводно поврзување со терминалите со нашиот јужен сосед. Прашањето е од каде ќе донесат гас и по која цена, а најважно кога тоа ќе го направат. Со новиот предлог Буџет СДС ја кочи и гасификацијата на Република Македонија, во новиот Буџет да се предвидува само довршување на кракот Тетово-Гостивар започнат од ВМРО-ДПМНЕ  и Неготино-Битола.

Владата не предвидела ни средства за изградба на мали хидроцентрали, кои се основен модел на искористување на хидро потенцијалот на помалите водотеци, а не се предвидени ни средства за производство на енергија на други алтернативни начини.

СДС нема стратегија и концепт за развој на енергетиката. Политиките на СДС со новиот предлог Буџет не се насочени кон граѓаните, туку кон фирмите увозници на струја, граѓаните од политиките на СДС за 2018 година ќе имаат само поголеми сметки за струја.

14 ноември, 2017 - 13:50