Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Заев и Спасовски

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството.

Цела недела Заев и Оливер Спасовски ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и се уште не даваат никаков одговор за тоа кој прислушувал, кој се ги има разговорите кои нелегално се снимани, кој ги преслушал и најважното кој ќе сноси одговорност.

Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Затоа и молчат цела недела и дефокусираат со други теми.

Обвинителите и институциите повеќе не се слободни да си ја работат својата работа како што им налага нивната професијата.

Ова е скандал за кој до сега требаше да паднат првите оставки.

Наместо оставки, Зоран Заев и Оливер Спасовски ја замајуваат јавноста и дефокусираат со разно разни недоветни изјави.

Срамно е и опасно ова што се случува во моментот во државата. Веќе никој не е безбеден, а Заев, Оливер и останатите од СДСМ на најгруб начин ги злоупотребуваат позициите и ги ставаат под контрола и надзор институциите. Ова воопшто не е согласно законите и затоа уште веднаш треба да си поднесат одговорност и оставка.

Што ли уште треба да се случи во Република Македонија за да си поднесат оставки Зоран Заев и Оливер Спасовски?

Почитувани,

Криминал, корупција, нерасчистени убиства, рекет, злоупотреби на службена должност, нелегално прислушување обвинители, делење на тендери на блиски луѓе и уште многу други причини има за оставка на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но, наместо оставки, цветаат бизнисите на луѓето од СДСМ, цветаат криминалот, цвета корупцијата, цвета рекетот.

Заев и Оливер Спасовски ја зацрнија Република Македонија. Заев и Оливер треба уште веднаш да си дадат оставки и да не пречат понатака во расчистување на овој голем скандал.

Што побрзо има оставки, толку подобро!

6 декември, 2018 - 15:00