Обвинителство да се откаже од предметот Топлик, Сугаревски потврди дека нема материјална штета

Интегрален текст од прес конференција на Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија при ВМРО-ДПМНЕ

 

Свесни сме за периодот во кој се наоѓа Република Македонија, црниот период, период на прогони и период на необјективност и период во кој навистина нашето општество има една голема криза која мислам дека ќе почнеме да ја надминуваме. 

Во рацете држам еден допис кој е од министерот за транспорт и врски, Сугаревски. Во овој допис Сугаревски образложува дека во предметот „Топлик“нема материјална штета. 

 

 

Дополнително министерот Сугаревски, образложува дека штетата која е претпоставена од страна на Јавното Обвинителство  нема да ја побаруваат и дотолку повеќе господинот Сугаревски во крајната сентенца на неговиот допис наведува дека со постапката која се водела се заштитени имотните интереси и права на Република Македонија.

Би сакал да потенцирам, да упатам една порака и прашања до одредени релевантни институции во Република Македонија кои не малтретираа со така наречени процеси, како што е процесот „Топлик“. Зошто и од која причина го премолчуваат овој доказ поготово СЈО кое има обврска согласно Законот за кривична постапка да ги достави сите докази кои се во штета, но и во полза на обвинетите. 

Да не заборавиме  јавното обвинителство една од улогите согласно во законот е и да ги штити основните човекови права на обвинетите. 

Со овој доказ, со овој допис кој е доставен, со откажувањето на Министерството за транспорт и врски за оштетно побарување не постои кривично дело. Ние повеќе немаме предмет. 

Јас не знам и од која причина се уште Јавното Обвинителство го нема откажано гонењето по овој предмет и зошто го нема информирано судот и го нема повлечено обвинителниот акт. 

Сметам дека е многу важно во целата оваа постапка овој прогон да заврши бидејќи овие докази се круцијални и битни за целиот предмет.

4 декември, 2018 - 16:24