Димитров веднаш да поднесе оставка и да се извини за навредите и газењето на достоинството на македонскиот народ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Павлинче Честојнова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Македонскиот народ не е искомплексиран!

Искомплексиран е Никола Димитров и неговиот ментор Зоран Заев кои мислат дека се поголеми демократи доколку се откажат и негираат се што е македонско.

Никола Димитров зема пари од граѓаните за да ги брани интересите на државата, а не за да го навредува сопствениот народ.

Граѓаните кои дури го плаќаат и школувањето на неговата ќерка надвор од Македонија не заслужуваат и не смеат да бидат навредувани од вакви карактери.

Никола Димитров на амандманската расправа го навреди сопствениот народ нарекувајќи го искомплексиран и за тоа треба да понесе одговорност. 

Никола Димитров веднаш треба да поднесе неотповиклива оставка. 

Димитров откако ја погази волјата  на граѓаните на Република Македонија, сега се дрзна да ја навреди целата македонска нација.

Договорот од  Преспа кој што го потпишаа Зоран Заев и Никола Димитров е штетен и капитулантски. Со овој договор Димитров и Заев ги лечат сопствените комплекси.

Договорот кој насила се турка во Собранието ги урниса темелите на македонската држава и истиот не доби одобрување од граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните на референдум јасно кажаа дека не се согласуваат со штетниот договор на Заев и Димитров и со бришењето на македонскиот идентитет. Власта не доби мандат од граѓаните  за ова обезличување на македонскиот народ и урнисување на државата.

Доколку Димитров нема патриотско чувство и црвени линии во себе,  македонскиот народ има. Токму затоа народот јасно и порача на власта дека не смее да го менува Уставот и уставното име на Република Македонија

Покрај оставката Димитров треба веднаш да се извини за навредите и газењето на достоинството на македонскиот народ. Време е да си заминат и Димитров и неговиот ментор Зоран Заев.

4 декември, 2018 - 15:00