Царовска веднаш да излезе пред македонските граѓани и да каже што е она што сака да и го приредат на Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Оваа прес конференција е посветена на стратегијата за бегалци, мигранти и странци на министерството за труд и социјална политика како и Акциониот план на министерството за труд и социјална политика за следниве 10 години.

На оваа прес конференција би сакале да упатиме неколку пораки, а тоа се следниве:

Владата на Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска треба веднаш да излезе пред македонските граѓани и да каже што е она што сака да и го приредат на Република Македонија и на огромен број на општини во наредните 10 години преку нивната стратегија и преку нивниот Акционен план.

Исто така ги повикуваме и премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска да излезат пред македонската јавност на јавната расправа во Собранието на Република Македонија и да одговорат на огромен број на прашања кои што јавноста оправдано ги прашува и поставува.

Исто така би сакале да порачаме и поголем број на други прашања, а тоа е следново:

Со новата стратегија на владата и на министерството Република Македонија не е веќе транзитна земја туку станува земја за траен претстој на голем број на мигранти, бегалци и странци од голем број на земји.

Ако беше привремена стратегијата тогаш зошто има одредби за олеснето добивање на државјанство без да се бараат документи од земјата на потекло, каде што нема да може да се утврди идентитетот на луѓето кои што доаѓаат во Република Македонија, на кои што им се дава државјанството. Тоа отвора можност за големи злоупотреби.

Исто така зошто доколку станува збор за привремено сместување владата директно со писмо и во нивниот Акционен план и во нивната стратегија владина бара повеќе од 100 локации за отпочнување за изградба на згради низ цела Македонија, а надоместокот односно буџетот кој што го покрива владата на Република Македонија е 100% тоа е според нивниот Акционен план и нивната стратегија.

Ако станува збор за привремена работа зошто тогаш зборуваме за трајно вработување на голем број на лица кој што е дел од стратегијата за мигранти, бегалци и странци, а во Република Македонија и понатаму имаме 218.000 луѓе кои што се уште бараат работа.

Граѓаните на Република Македонија треба да го имаат приоритетот во владините политики. И граѓаните на Република Македонија треба едноставно да бидат во фокусот на буџетот, проектите и мерките на владата.

Сосема на крајот би сакал оваа прес конференција да ја заклучам со уште едно повторување на главната констатација, а тоа е следново:

Со новата стратегија на владата на Зоран Заев и Мила Царовска, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку Република Македонија станува земја за траен претстој на голем број на бегалци, мигранти и странци од голем број земји, тоа ќе бара огромни буџетски ресурси, милијарди и милијарди евра во наредниве 10 години. Тие средства, тие пари и тие буџети им се потребни на граѓаните на Република Македонија за голем број на проекти кои што се нивна реална потреба.

9 август, 2017 - 14:57