Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон кој го прави СДС

Почитувани,

Денес е уште еден црн ден за демократијата во Македонија.

Хунтата под водство на Зоран Заев продолжи со притворање на сите кои не размислуваат и кои не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што СДС ги спроведува периодов.

Денешниот ден ќе биде запишан во историјата како ден во кој што хунтата на Зоран Заев притвори шест народни избраници. Пет проценти од собранискиот состав е во притвор.

Ова не е демократија!

Ова е тиранија.

Денеска беа притворени пратениците Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. На дел од нив им е изречен домашен притвор, а на дел ефективен и уште вечерва се префрлени во истражен затвор.

Народни избраници се испраќаат во притвор, а осудени убијци и терористи се ослободуваат. Судот, под притисок на хунтата на лица кои убија пет момчиња и треба да одговараат за тероризам им изрекува мерка да се јавувале два пати во неделата, а нивни познаници се уште се во бегство.

Тоа е правдата во Македонија под контрола на Зоран Заев.

 

 

Со ваквиот начин на делување хунтата на Зоран Заев ги закопува сите можности за нормално функционирање на Собранието и институциите кои би требале да ја контролираат извршната власт. Ги закопува сите можности за дијалог и си обезбедува неконтролирана моќ.

Ова е само уште едно камче во мозаикот на неправдата кои почна да го креира хунтата на власт. Почнаа со измислени обвиненија и ги прогласија за терористи Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други патриоти и уметници само затоа што гласно говореле и се спротивставувале на хунтата на Зоран Заев. Завршија со притворање на пратеници кои треба да бидат гласот на народот во Собранието и да ја контролираат извршната власт.

Монтираниот прогон против 36-мина недолжни граѓани, пратеници, актери, уметници, архитекти и полициски службеници со најтешкото дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон.

Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане.

5 декември, 2017 - 22:43