Го живееме најмрачниот период од нашите животи. Период на најголемото предавство во Македонија. Период на уцени, закани, притисоци, поткупи, рекет, измами…

Никој од нас не е поштеден, ниту обичниот работник, ниту земјодлецот, бизнисмените, политичарите, па ниту пратениците. Дури и децата ни се засегнати.

Во период сме, во кој предавство на Заев, Димитров, Османи и Шеќеринска, ни се нуди како единствена можност; разграбувањето и пљачкосувањето на државата од страна на Вице, Анѓушев, Филипче, ДУИ(нг бизнис) и редица други ликови, ни се прикажуваат како економски напредок и живот за сите; пуштањето на слобода на озлогласени криминалци и групата на корумпирана полиција околу Спасовски, ни го сервираат како демократија; ослободувањето од кривична одговорност на актуелни функционери фатени на дело, но и покренување на процеси без никакви докази против опозицијата, ни се прикажува како владеење на правото; набавката на лубриканти за 1,5 милиони евра за поттикнување на хомососексулноста, на Власта и е поголем приоритет од операции на деца со сериозни болести.

Во период сме на искривени вредности и извитоперени умови, кои се обидуваат да не обезличат, да не однародат, да не уништат. Разно разни Љубчовци, Стојанчовци, Љубевци, Владовци и какви упте не експерти, не убедуваат дека самоубиството е единствено решение.
А во суштина сé што прават, го прават за спас на сопствените кариери.
Оној кој не доведе во безизлезноста, Премиерот Заев, сега прашува: “-Кажете како понатаму”.

Еве ви план Б:
Прекинете ги сите злодела кои ги правите, веднаш;
Повлечете ги членовите од заедничката комисија која ја формиравте со хеленската Република, која треба да докаже дека ние Македонците не постоиме;
Известете ја првата договорна страна дека капитулантската спогодба е неодржлива, дека народот на Македонија не ја одобрува;
Собранието нека распиша избори согласно Изборниот Закон веднаш;
Во меѓувреме, ставете во вашиот памфлет или програма дека повторно имате намера да извршите предавство на Македонија, ако дојдете на власт;
Изборите мораат да бидат исклучително демократски, фер и без изборни нерегуларности какви што направивте на референдумот и претходно на локалните избори;
Изборите мора да бидат набљудувани и од ОБСЕ, но и од поголем број објективни надворешни набљудувачи, кои ќе бидат гарант дека нема да силувате повторно;
Победникот на изборите да формира Влада, без никакви надворешни влијанија, со коалициски партнер кој самиот победник ќе го одбере.
Ова е првиот дел од планот “Б”.

Еве го и вориот дел од овој план:
ВМРО-ДПМНЕ, која ќе победи на овие избори, од истиот момент кога ќе ја формира новата Влада, ќе се посвети целосно на најбрзо исполнување на следните работи:
– Економски раст и стабилност, со отварање на нови работни места и покачување на платите во сите сектори, до ниво на просечните плати во ЕУ;
– Да го сопреме иселувањето на македонскиот народ и да создадеме услови да се вратат оние кои се отселиле;
– Реформи во правосудниот систем и владеење на правото, со апострофирање на моментот дека – Никој не е над законот. Ниту Премиер, ниту министер, судија или обвинител;
– Формирање на надпартиско и неполитичко Јавно обвинителство, кое ќе ги испита сите индиции за криминални активности и прекршувања на законите и на претходната и на сегашната власт и тоа не само извршната, туку и на судската (и на судии и на обвинители од редовното и од специјалното јавно обвинителство), но и на законодавната власт. Обвинител кој ќе покренува судски постапки, а не политички процеси;
– Постигнување на национален консензус за сите најважни прашања за државата, кој ќе го потпишаат сите политички чинители;
– Решавање на спорот за името таму каде што му е местото, во Организацијата на Обединетите Нации, со барање за почитување на сите начела и прописи на оваа организација, спогодбите кои до сега се ратификувани и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, при изнаоѓање на решение за наметнатиот спор;
– Итно превземање за решавање на сите обврски кои ги има Република Македонија, надвор од спорот за името, за непречен влез во НАТО и Европската Унија.

Едноставно е, ако се сака. Затоа, престанете веднаш со уцените и со заканите кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ајде на избори.

И не заборавајте – кармата е како ластик, колку повеќе го тегнеш, толку посилно ќе те плесне во фаца.