Гласот на младите е силен

Колумна на Јован Јаулески – в.д. претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Курир

Октомври, ноември 2016 година голем одек помеѓу младите, сегашната власт со своите активисти оди низ студентски домови, факултети, локали и збиралишта на млади како паркови и разни урбани места, се ветува се и сешто. Студентски градови, модерни читални, намалување на младинскатаа невработеност,младински гаранции. Велеа младиот човек ќе биде на прво место. Октомври, ноември две години подоцна активистите на власта седнати во удобните фотељи, во студентски не влегле две години, факултетите не ги посетиле, не се движат на  местата кај што ги лажеа младите, а Македонија ја искачија на трето место во светот со над 50% младинска невработеност. Мислат излажавме ќе си тераме мандат па после што биде, биде. Не драги мои сте се излажале младите ја видоа вашата измама  и знаете што гневни се! Неизмерно гневни затоа што си поигравте со нивната верба дека  ќе направите  нешто.

Две години поминаа  во очекувања, де денес, де утре, како поминува  времето, младите ги вадите и од вашиот политички речник свесни дека таму сте во тотален аут. Зборувам со мои другари, колеги, кои се неопределени гласачи, дел од нив гласале за СДСМ во минатото, гласале и на 11 декември, велат не сме им лути само ним што не излежаа, туку и лути сме си сами на себе  што им поверувавме, велат  СДСМ  никогаш повеќе!

Ветуваа дека ќе го запрат иселувањето, не само што не го запреа, го стимулираа неколкукратно повеќе од кога и да било претходно. Целото општество одекнува, младите во силен  крик ќе и кажат  не на оваа власт. Младите не заслужуваат дополнителни лаги. Младите  сакаат стабилна  иднина, просперитет овде во нивната татковина. Никој повеќе не сака  да си заминува, но тоа со оваа власт не е можно, затоа СДСМ и Заев мора да си заминат!

Ги поддржувам младите, ги поддржувам студентите, средношколците, сите млади кои се столбот на оваа општество, а се угнетени од оваа власт. Младите  не смеат  да бидат  повеќе на маргините, младиот човек не смее ниту да се чувствува запоставен, а не пак реално да биде запоставен како што е сега.

Ние младите сме двигателот на општеството. Младите се авангардата на која што останува и државата и нејзината добробит. Повеќе замајување на младите не смее да има. Младите  мора итно и неодложно да бидат приоритет.

ВМРО-ДПМНЕ  како одговорна партија која секогаш го ставале акцентот на младите, давала шанса за нивна инклузија во политичките процеси и општеството во целост има обврска да го запре ова тонење. УМС на ВМРО-ДПМНЕ   како политички подмладок наскоро ќе излезе со младинска стратегија и проекти кои ги засегаат младите и со која ќе обезбеди услови за младите да работат, живеат и да останат во Република Македонија.

Ќе ги заобиколиме сите општини, ќе се сретнеме со сите млади, ќе понудиме стратегија и проекти која ќе ги опфати сите млади луѓе во Македонија и ќе отпочнеме процес во кој ќе понудиме алтернатива на  оваа безнадежност. Ние младите на третата генерација во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаме државата како место каде за секој млад човек ќе сака да остане, економски просперитетна, технолошки развиена, меѓународно етаблирана, а не понижена, како до сега. Ние  како генерација тоа го можеме! ВМРО-ДПМНЕ тоа го може!  Македонија тоа го може.

13 ноември, 2018 - 15:54