ГРУЕВСКИ ЗА ТВ ПИНК

Со коалицијата на Заев, мнозинството Македонци ќе бидат во опозиција, а мнозинството Албанци власт

Тие немаа мнозинство. Со оваа коалиција сега (меѓу СДСМ и ДУИ) Македонците во Република Македонија, мнозинството Македонци, ќе бидат во опозиција, а мнозинството Албанци ќе бидат на власт, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизијата „Пинк“

СДСМ сака по секоја цена да дојде на власт, иако ги изгуби изборите. Најголемиот број од гласовите на Македонците отидоа кај ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ беше поразена. Тие немаа мнозинство. Со оваа коалиција сега (меѓу СДСМ и ДУИ) Македонците во Република Македонија, мнозинството Македонци, ќе бидат во опозиција, а мнозинството Албанци ќе бидат на власт.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за српската телевизија „Пинк“. Во интервјуто тој зборува за целата политичка ситуација која се случува во Македонија, нагласувајќи дека најголемиот проблем кој сега се случува е т.н. Тиранска платформа, која се појави после изборите.

 

 

Груевски објаснува дека е нарушен принципот победник со победник, поради што се создала ситуација во која мнозинството македонски граѓани ќе бидат во опозиција.

Сега се случи ситуација кога ДУИ може да бира меѓу победникот и поразениот кај Македонците. Мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ сака да ги испрати во опозиција - вели Груевски во интервјуто.

Грувски додава дека платформата, која од страна ДУИ стана услов за креирање влада, е креирана во Тирана, под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.

Се работи за платформа донесена во друга држава, а која се однесува на нашата држава. Тоа не кореспондира со уставот. Се работи за платформа донесена во Тирана, под покровителство на Еди Рама. СДСМ не ја најави оваа платформа во својата платформа - вели Груевски.

Тој го опишува и процесот на спомнувањето на двојазичноста во кампањата на СДСМ.

Најавија нешто околу двојазичност, а можеби и нешто околу кантонизација, но голем дел од тоа негираа во текот на кампањата, говорејќи дека сето тоа ние сме измислиле. Многумина им поверуваа дека можеби ВМРО на тој начин се обидува да им земе гласови на СДСМ. Но, после изборите се отиде многу подалеку. СДСМ се реши да ја прифати платформата направена во друга држава, по иницијатива на Албанија - истакна Груевски.

Не смее да се дозволи СДСМ и ДУИ да формираат влада, зашто со имплементирањето на платформата се крши уставот и унитарноста на земјата, како и дека насила се воведува бинационалност во мултиетничко општество. Груевски нагласува дека предвремените парламентарни избори, заедно со локалните се најдобро решение за целата ситуација.

Предвремените парламентарни избори се најдобро решение. Така ќе можат својата платформа да ја претстават пред народот и да остават народот да гласа за неа. Вториот избор е да се откажат од платформата, за што потоа ќе добијат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ да формираат малцинска влада - вели Груевски.

5 март, 2017 - 22:26