Славче Трпески, нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со народот ќе победиме на локалните избори

Славче Трпески e дипломиран правник од Скопје, оженет татко на две деца. Работната кариера ја започнал во адвокатска канцеларија од Скопје за во 2001 година се приклучи на реформскиот тим во Министерството за финансии каде учествува во изготвување на многубројни реформски закони меѓу кои Законот за буџетите, Закон за платниот промет, Закон за трговските друштва, Закон за даночната постапка, Законот за електронски потпис и електронски облик.Од август  2009 година го превзема раководењето на Скопскиот катастар. Реализира повеќе значајни проекти: воведувањето на Листот за предбележување на идна градба со кој се спречи можноста да становите што се во изградба да се продаваат повеќе пати, воведувањето на ПОС терминали во Скопскиот катастар со кој се овозможи плаќањето на услугите што ги нуди катастарот со платежни картички, воведување на Е-катастерот на територијата на Град Скопје, воведување на Е-Шалтерот со кој катастарот по електронски пат се поврза со нотарски канцеларии, приватни геодетски фирми, извршители, банки, Министерството за транспорт и врски и општините,имплементирање на електронски потпис, временски жиг и виртуелениот пост тереминал. Од мај 2012 година беше генерален директор на Агенцијата за катастар на недвижности и како позначајни проекти кои се реалираа заклучно со јули 2017 година за издвојување се:воспоставување на катастар на недвижности на целата територија на Македонија, проектот Е-катастар низ цела територија на државата, имплементација на системот МАК-ЕДИТ кој овозможува изработка на дигитални геодетски елаборати, нов Закон за катастар на недвижности со кој се реформира организационата поставеност на Агенцијата, се воведе комплетна дигитализација на сите процеси во катастарот и воведоа нови надлежности, и голем број на други значајни проекти кои овозможија македонскиот катастар од 96 место во 2005 година по Дуинг бизнис на Светка банка во 2017 година да биде на 16 место во светот и во првите 10 катастри во европа по квалитет на водењето на земјишната администрација.

Во ова интервју се осврува на богатото професионално искуство, но и на амбициозните планови во пресрет на локалните избори.

Имате богато професионално искуство и резултати,  дали новиот состав на ИК ќе постигне вакви значајни политички резултати?

ТРПЕСКИ: Реформите во катасарот се само мал дел од преку 3700 проекти кои во изминатите 10 години ги реализиравме. Реформи се извршија во сите сегменти на живеењето  и истите овозможија драстичен пад на невработеноста,зголемена ефикасност на државните институции, зголемен број на странски инвестиции, олеснети процедури и поволни даночни стапки за водење бизнис со што Македонија на сите светски ранг листи кои официјално ги водат меѓународни институции и рејтинг агенции од послените места во 2006 година денес е во самиот врв. Да се спроведе една реформа бара часови и часови нејзино детално осмислување, а денови и месеци за нејзина имплементација. Во изминатите 11 години многу потпредседатели на влада, министри, заменици, пратеници, градоначалници, директори беа членови на Извршниот комитет и дадоа голем допринос во развојот на државата и партијата.

Новиот извршен комитет начело со претседателот Груевски, во услови кога ВМРО ДПМНЕ е партија во опозиција, заедно со партиските комисии кои се во фаза на формирање и коалициските партнери се еден значаен позитивен потенцијал кој брзо ќе постигне квалитетни политички резултати, пред се победа на локалните избори. Имаме спој на искуство и младост со голем интелектуален потенцијал и морален кредибилитет, но и со докажан капацитет за реализација на реформи како гаранција за идниот развој на партијата и државата. Новиот Извршен комитет нема да дозволи разнебитување на она што изминатава денеценија е изградено и создадено, ќе биде жесток критичар и ќе ги употреби сите демократски средства за спречување на имплементација на политики кои се штетни за граѓаните и стопанството во Република Македонија но истовремено ќе предлага и решенија за подобрување на животот на граѓаните и условите за бизнис настопанството. Ние имаме кредибилитет да даваме ветувања за проекти бидејќи граѓаните увидоа и знаат дека кога имаме можност ние ги реализираме ветувањата. Тоа е компаративна предност која не разликува од политичкиот противник, кој за жал во првите месеци од нивниот мандат е инертен, неработлив, и покажува голема неодговорност.

Каде лично сметате дека би дале најголем придонес во политиките на партијата?

 ТРПЕСКИ: Раководењето со институција како катасторот која има преку 900 вработени, реализацијата на многу проекти кои го донесоа катастарот за лидер во Југоисточна Европа, десето место во Европа, ми донесоа драгоцено искуство, многу широки познавања во областа на земјишната политика и админстрација како и искрени пријателства ширум светот како со сродните институции така и со меѓународните организации со чија помош ги имплементиравме клучните реформи.  Успехот на катастарот е успех на тимот кој со своето знаење и посветена работа креираше јасни визии и цели и истите ги спроведуваше на дело. Но успехот на катастарот е и успех за народот. Земјишната политика има голема улога во секојдневниот живот на граѓаните, секој човек е на некој начин поврзан со земјата, со својот имот, со можноста за располагање и оплодување на капиталот, со задоволување на потребите на домувањето, и со редица други ефекти. Ние покажавме дека се грижиме и тоа како за луѓето, и тоа во огромен број на проекти кои беа под катастарот. Го реализиравме откупот на дворовите по повластени цени, откупот на земјиштето на стопанските капацитети, обезбедивме легализација на дивоградбите, едноставно кажано инвестиравме во засилување на македонскиот граѓанин и македонското семејство. Тоа беше политика на зацврстување на обичниот човек и тоа народот го памети и го вреднува. И ако тоа сме можеле да го направиме, сега имаме обврска но и чест да понудиме уште повеќе, за да може уште повеќе семејствата да засилуваат, да стануваат економски помоќни, да може да се подобрува нивниот квалитет на живот. Лично сум силно мотивиран за нови проекти на оваа линија, и имам голема енергија да се вградам во еден нов сет на мерки и проекти кои ги бара народот. Како тимски играч пак ќе дадам максимум да ја унапредиме модернизацијата на партијата, која ќе ги користи најновите техники и  технологии за политичко дејствување во новото време, а ќе ја интензивираме и теренската работа, ќе ја задржиме блискоста со народот бидејќи граѓаните се непресушен извор на информации но и голема мотивација за креирање на нови политики кои ќе настојувам да ги верифицирам во Извршниот комитет кои понатаму преку демократски методи и од опозиција ќе настојуваме да се реализираат.ВМРО ДПМНЕ е државотворна партија па оттаму било да е на власт или опозиција останува целосно посветена на заштита на граѓаните и државните интерси на Република Македонија.

Што мислиш за актуелната политика на владата?

ТРПЕСКИ: Во изминативе 70 дена од практикување на Власта, од страна на новата Влада не видовме ни најава за некоја мерка за подобрување на интересите за граѓаните. Лично ме загрижува нивната непосветеност, и неработењето кое е повеќе од очигледно. Возменирен сум, како и огромниот дел од народот за леснотијата со која се откажуваат од националните интереси кои треба да бидат приоритет на секој еден граѓанин, а камо ли пак на лица кои управуваат со процеси.  Ако по утрото денот се познава можеме да очекуваме само уназадување на процесите поради неспособност и незнаење. И тоа мора што поскоро да заврши, и верувам дека нема да траат долго, иако последиците од нивните штетни политики најмногу ќе ги почувствуваме ние затоа што во иднина од позиција на власт ќе мора да се бориме со предвизиците кои тие ќе ни ги остават. ВМРО ДПМНЕ будно ќе ги следи сите случувања и сите погубни политики ке бидат пресретнати со правни и демократски средства, а истовремено ќе се предлагаат мерки за унапредување на состојбите. Најзначајно во овој момент е да сфатиме сите ние, целата јавност дека за само 70ина денови отсега ќе може на локалните избори да им порачаме на СДС дека е доста. Дека вака веќе не може, и да ги поразиме со заеднички сили. Силно сум убеден дека тоа ќе се случи, а ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе поентираат со победа.

7 август, 2017 - 11:21