Трипуновски за „Сигнал“:

Оваа Влада на СДСМ е огромен дебакл на секаков план

Интервју на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Сигнал

1.Најнапред би сакале да ви искажеме огромна чест, задоволство и благодарност бидејќи првото реализирано интервју од страна на редакцијата на Сигнал.мк е токму со вас, Цветан Трипуновски, дел од највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ. Г-дине Трипуновски, како ја оценувате работата на Владата изминативе 16 месеци?

Владата во изминатите 16 месеци е без концепт. Нема проекти, нема дела. Економијата евидентно тоне, на сите полиња бележиме катастрофално лоши резултати. Граѓаните имаат се помалку пари, а трошоците за живот се се поголеми. Се што прави оваа Влада е потпишување на штетни договори, во кои Република Македонија само губи. Државата е понижена и на меѓународен план урнати се позиции кои се градени со години. Се на се, оваа Влада е еден голем дебакл, како на домашен, така и на меѓународен план.

2.Изминативе 16 месеци граѓаните можеа да ве слушнат како жестоко ги критикувате политиките на актуелната власт во делот на земјоделието.Како човек со богато професионално искуствово делот на земјоделските политики кое е вашето лично мислење во однос на политиката што ја води власта кон земјоделците и можеби најобемната стопанска гранка во нашата држава?

Како што кажавте земјоделството во Република Македонија е важна стопанска гранка како од економски така и од финансиски и социјален аспект.Од друга страна ,Македонија има природни  климатски услови кои ни даваат предност пред другите држави во регионот да имаме квалитетно земјоделско производство.Сето ова би се искористило како бенефит за државата т.е земјоделецот само доколку има и соодветни политики и мерки креирани од државата, но зажал со доаѓањето на СДСМ на власт тоа не е така.

Во изминативе 15 години сум фокусиран на земјоделството, финансирајки во моето стручно образование, но и управувајќи со повеке државни институции од областана земјоделството споменувајки го тука државниот инспекторат за земјоделствокако една од клучните институции каде бев директор.Во секојдневната комуникација што ја имам и ден денес како со земјоделците и земјоделските здруженија, научната фела,со приватните стопанственици од областа и сите останати учесници во земјоделскиот сектор можам со сигурност да констатирам дека актуелната власт нема никаков концепт ниту капацитет да креира мерки за подобро земјоделско производство.Во предизборието во 2016 година СДСМ одеше од град во град,од село во село и даваа празни ветувања за подобро и поквалитетно земјоделство и тоа остана само на хартија, за денес да констатирам дека нема ништо од ветената зелена нафта за земјоделците,ни од загаратираниот откуп на земјоделските производии повисоките откупни цени,ни од гарантниот фонд,повисоките субвенции итн.Во моментов македонскиот земјоделец е оставен сам да се снаоѓа како знае и умее затоа што ниту од министерот за земјоделство ниту надлежните институции не се излезени на терен за директно да се соочат со проблемите ,да превенираат создавање на нови, едноставно кажано земјоделците останаа без партнер од државата, ова е недозволиво затоа што се нанесува огромна штета на земјоделството во Р.М .

3.Сведоци бевме на многу протести од револтирани земјоделци од целата држава за ниски откупни цени ,за неисплатени субвенции,неисплатени штетиитн.Сметате ли дека има простор и план да се исправат грешките и санираат штетите во наредниот период?

Додека ВМРО ДПМНЕ во минатото отвораше нови пазари и привлекуваше нови странски инвестиции во делот на земјоделството се со цел да се зголеми конкурентноста и побарувачката  на земјоделските производи од една страна и носењето на квалитетни законски решенија од друга страна кои значеа поквалитетно земјоделство, СДСМ со доаѓањето на власт буквално во секоја гранка од земјоделството бележи негативен тренд. Дека ова е поткрепено со факти е и податокот кој го објави Државниот завод за статистика со кој и официјално се потврдува дека во второто тромесечие од 2018 годинаоткупот и продажбата на земјоделските производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период претходната година. Само за потсетување: зелката, доматот, краставицата, праската, пченицата, лубеницата, сливата, оризот и во моментов откупот на грозјето и пиперката-ајварка, односно Куртовска капија, се откупуваат по цени далеку под рентабилноста, а со тоа земјоделците се доведоа до работ на егзистенција.Сите овие категории на производители претрпеа огромна штета за своите земјоделски стопанства бидејќи не успеаја да го пласираат својот род кој остана на нивите.

Ситуацијата со неисплатените субвенции е реалност, бидејќи секојдневно во непосредните контакти со земјоделците добивам сознанија дека субвенциите сеуште не се исплатени во целост иако ова беше едно од првите ветувањаво предизборниот период.

Слично беше и со ветувањата во делот на обештетувањето од елементарни непогоди кои што ги зафатија делови од Република Македонија. Имено иако СДСМ ветуваше 100% обештетување во Тиквешкиот регион, на крајот дадоа обештетување во висина  од само 10% од проценетата штета, што во превод значи обештетувањето изнесуваше околу 400 денари по декар винова лоза.
Оваа безидејност и незаинтересираност на СДСМ кон земјоделците мора да престане, затоа што ние како ВМРО ДПМНЕ и јас лично во изминатиот период покажавме каков треба да биде односот кон земјоделците.
Во овој момент посебна работна група во соработка со земјоделците подготвува прогама во која ќе бидат предложени сериозни мерки и проекти за поконкурентно и рентабилно земјоделско производство, но затоаќе зборуваме во некоја наредна прилика.

4.Кои се вашите планови и стратегии како ВМРО ДПМНЕ за решавање на маките на земјоделците?

ВМРО-ДПМНЕ како партија која произлегува од народот особено го цени земјоделството и има висока почит кон земјоделците.

Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ, како партија која е реформски ориентирана, согледувајќи дека е потребен натамошен развој на земјоделските политики, со цел да се води грижа за земјоделците, како и да продолжи со реформи за прилагодување кон земјоделската политика на ЕУ, пристапува кон нов сет на мерки ва земјоделската политика.

Со новиот пристап ќе се обезбеди олеснување на пристапот на земјоделците до буџетските поддршки , ќе се зголеми делот на инвестирање во земјоделството.

Ќе бидат воведени инструменти и мерки за да се  превенира ризикот, а особено ќе се обезбеди помош во пласманот на производството,Зголемување на знаењето на земјоделците за новите техники и технологии на производство.Ќе ги интензивираме мерките за иновации во земјоделството и трансферот на знаење,

Исто така особено внимание ќе се посвети и во спроведување на позитивните политики во:Сточарство,Безбедност на храна и фитосанитарна политика,Шумарство,Водостопанство .

5.На прагот сме на референдумскиот ден кога граѓаните ке го остварат или нема да го остварат правото на глас.Кои се вашите очекувања од референдумот?

Како член на извршниот комитет изминатиов период посетив  18 општини каде претежна дејност на граѓаните е земјоделството. На овие средби граѓаните потенцираат  дека покрај лошите политики на Владата со кои секојдневно се сретнуваат, ги знаат и последиците од штетниот договор за Македонија.

Според мене потпишувањето на овој договор значи губење на идентитетот, историја, културно наследство, а со тоа директно се подриваат македонскиот суверенитет и државноста на Република Македонија. На 30 септември македонските граѓани се доволно свесни да донесат правилна и разумна одлука со која нема да се срамат од идните поколенија.

6.Како го оценувате договорот со Грција што го постигна СДСМ?

Уште на почеток со потпишувањето на договорот, ВМРО ДПМНЕ излезе и истиот го прогласи за штетен и капитулантски. Договорот е целосно асиметричен на штета на Република Македонија. Со овој договор се губи и институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата. Токму затоа ВМРО ДПМНЕ не може да го поддржи овој договор.

7.Дали Цветан Трипуновски одлучи како ке постапи на 30 септември?

Како што кажав и предходно со овој договор се губи и институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.Затоа на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година нема да излезам и да гласам.

 

 

 

26 септември, 2018 - 18:54