СДСМ создаде црнила и темнина во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе зората која ќе донесе нова надеж и правдина за секој граѓанин

 Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден Прилеп,

Добар ден Пелагонија,

Добар ден горда и непокорна, пркосна Македонијо и добро дојдовте на уште еден од низата протестни маршови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

Добре дојдовте јунаци и јунакињи, храбри луѓе овдека од  градот на непокорот, од градот на правдината, од градот  херој. Но и тие кои што денеска не се со нас им посакувам добре дојде бидејќи знам дека не следат преку социјалните мрежи и знам дека со сето свое срце и со полна душа ни даваат поддршка што сме овдека и за нив, но и за сите оние кои што денеска не се со нас овдека. Ви благодарам.

Во овој град, Прилеп силно бие срцето на Македонецот. И сакам од овие срца, на овие Македонци, на граѓаните на Република Македонија кои што денеска ни се придружија на овој протестен марш. Да ги поздравиме овие луѓе овдека припадниците на МВР и да им посакаме нека ни е среќен и бериќетен овој саботен ден.

Ние тоа што го градевме, тие го поганија, можете да видите по фасадата на оваа зграда овде. Ај што го поганеа, помина една година па не можеа нити да го искречат тоа што ние го изградивме. Затоа   да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела  Република Македонија кој што кога го чествуваше свети Климент, положуваше венци на споменикот на Ченто затоа што само тој споменик наводно овдека во Прилеп го имало. Да му порачаме едно големо УА и оставка веднаш.

Еден друг функционер на Зоран Заев , во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже ова е искомплексирана нација. Јас овде не гледам искомплексирана нација, напротив гледам горди Македонци, луѓе кои што си ја сакаат татковината и нацијата. И на него да му порачаме едно големо УА!

Браќа и сестри, сопатници, маршираме заедно и по студ и по ветар и дожд кога и снег кога паѓа, затоа што рековме патот нема да биде краток, ќе биде долг и ќе има многу предизвици. Но ние заедно ќе го одиме и во овој студен декември. За среќа денес небото овдека над Прилеп се отвори, имаме прекрасен декемвриски ден. Но знам едно дека на крајот од тој пат и ви ветувам дека ќе биде победата, а заедно ние  ќе победиме и ќе чекориме и во јануари и во февруари, ќе дојде март, а потоа и април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори.  Победа која што ќе ги најави предвремените парламентарни избори кога народот во Република Македонија ќе му каже едно големо НЕ на Зоран Заев и групата околу него.

Народот кој што го лажеше, народот кој што се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална Влада предводена од  аболиран политичар ги  води во Република Македонија. Па уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплексирана нација. 

На тие предвремени парламентарни избори, рамо до рамо сите застанати, еден до друг затоа што за нас важи онаа максимата на Дима еден за сите, сите за еден. Ќе го поразиме жестоко и ќе го пратиме на темната страна на историјата на буништето, каде  што му е место и на него и  на овој внатре што не е способен тоа што го нагрдил да го искречи, сите тие кои што му даваат поддршка.

Македонија браќа и сестри ја започнува својата битка, не е ова крајот за Македонија. Македонија ја има во библијата и таму нема договор што може да ја избрише. И таму ќе остане запишано името  Македонија, нашиот аманет е тоа име да го чуваме и гордо да го изговараме сега и во иднина, а на нашите потомци да им го предаваме од колено на колено. Само така не можат Зоран Заев и хунтата околу него да го избришат за да ги зачуваат своите фотелји. Ова библиско име, а ова е библиска нација, горда, достоинствена нација. Нашата битка браќа и сестри штотуку почна.

Нас во историјата  како нација и како држава не покорувале многу освојувачи, многу војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш како нација сме се реорганизрале и сме застанувале пред нив и сме ја извојувале нашата слобода за да ја градиме нашата држава Македонија. Така ќе биде и сега, не постои политичар , не постои војска која што ќе може толку да не предаде колку што ќе можеме ние да вратиме еден ден. Ниеден процес во историјата не е еднонасочен. Тоа не смееме да го заборавиме.  И да им порачаме  овде од градот херој, од градот на непокорот од градот на правдата и правдината дека Македонското име нема да загине.

Времено Зоран Заев ја спаси својата кариера. На 19 октомври, најтешкиот и најцрниот ден за мене во мојот скромен  четириесет и едно годишен живот. Претпоставувам тоа беше најтешкиот и најболниот ден за секој еден од вас, но и за илјадници и стотици илјади припадници на македонската нација, но и граѓани на Република Македонија. Без разлика дали тоа биле Албанци, дали биле Турци, дали биле Роми, дали биле Бошњаци , Срби или Власи, тие на 30 септември на Зоран Заев и групата околу него многу јасно му кажаа немој ова да и го правиш на нашата држава  Република Македонија. Затоа велам, за кратко преживеа на 19 октомври. Допрва доаѓа казната која што овој народ, но и стотици илјади кои што не се денеска  со нас овде, а не се затоа што таа армадила политичари која што ја инсталираше во државните институции им се заканува, ги уценува со  работните места и со животната егзистенција. Длабоко во срцето тие  сакаат да се овде, голем дел од нив следат преку социјалните мрежи, денеска ова попладне што се случува овдека во Прилеп,  но и голем дел знам дека ќе слушнат од тие што ќе им прераскажуваат за оваа величествена слика овдека во градот херој, градот јунак градот на непркосот , градот на правдината Прилеп.

Ќе се памети и ќе се прераскажува ова саботно попладне, попладне на  вистината за Македонија. Ветуваа , многу ветуваа се сеќавам и овде во Прилеп ветуваа дека најмалку 5 % ќе растела економијата годишно, помина речиси  половина мандат ни половина од тие 5 % не успеаја да испорачаат раст на БДП а кој е тој БДП тоа се оние пари кои што ги  ветуваа дека ќе завршеле кај граѓаните а не само што не завршија кај граѓаните , туку од ден на ден се повеќе завршуваат во нивните џебови.

Како завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците го полнат буџетот. Го укинаа Советот за јавни набавки за да можат да им врват тендерите во четири очи да можат полесно да ги договараат провизиите кои што  секој еден граѓанин  на оваа држава знае дека се движат од 5 до 15 % а местото на исплата и тоа се знае еден ресторан хотел во југоисточна Македонија. Нив не ги интересираат даноците  зашто се зголемени, затоа што браќа и сестри кај нив игра само кешот и ништо повеќе и ништо помалку.

Лопови и ништо повеќе и ништо помалку од тоа  не се тие луѓе. Сакам малку да зборувам каде се зголемени даноците , ќе излезат и ќе ја претстават сликата пред вас пред граѓаните на Република Македонија онаа Робин Худ слика дека наводно ќе земеле од богатите оние што имале поголеми примања за да даделе на сиромашните, но Прилеп е град каде што многу граѓани егзистенцијата  ја стекнуваат работејќи макотрпно на нивите.  Голем број земјоделци живеат во Прилеп и Пелагониско да ги поздравиме и нив. Тие наши браќа и сестри кои што макотрпно го печалат парчето леб за 50 % ќе плаќаат од 1 јануари поголеми даноци од тоа што го плаќале до сега.

Сите оние наши браќа и сестри сопатници кои што се рамо до рамо со нас  а кои што работат како договорци на дело со договори на дело сите тие од 1 јануари ќе плаќаат по 50 % зголемен данок од тоа што го плаќале претходно.  Сите оние граѓани кои што се обложуваат и играат игри на среќа за 50 % поголем данок од 1 јануари 2019 година , сите оние кои што издаваат недвижнини за 100 % поголем данок од 1 Јануари 2019 година а сите оние бизнисмени претприемачи кои што до сега имаа ослободување од  данок ако ја реинвестираат добивката ќе плаќаат  100 % поголем данок односно ќе почнат да плаќаат данок бидејќи до сега не плаќаа данок. А зошто е сето тоа , тоа е браќа и сестри за да се полни буџетот и да врват тендерите во четири очи за да може фамилијата да го зема својот десеток како во османлиско  данок во еден хотел ресторан во југоисточна Македонија од  5 до 15 % тоа е браќа и сестри.

Би сакал уште малку да се задржам на корупцијата онаа големата корупција и судството затоа што нели велеа нема правда нема мир велеа правда за секого , не , го гледавме и го слушавме нобеловецот , го гледавме и го слушавме нобеловецот како договара евро за евро позади Мирчо свињарникот тоа го договараше нобеловецот, и тоа е помилуван аболиран а браќата патриоти се во занданите како жртви на политичкиот прогон, за која правда зборуваме и за каква правдина зборуваме.

 

112 место сме на  скалата за перцепција на корупција , такво ни е судството и таков е криминалот во оваа држава рамо до рамо со Етиопија и Танзанија со сета чест и на Етиопија и на Танзанија ама нели Европа  ќе одевме. Е во Европа браќа и сестри нема криминални иновации за потесното  семејство за претседателката на Унијата на жени на СДСМ, нема тендери за криминални иновации за фирмата во која што косопственик е вицепремиерот , нема крвави тендери во здравството наменети за  фирми формирани неколку дена пред да се објави тендерот. Нема во Европа со нереформирано образование, со болници кои што скапуваат, пациенти кои што умираат пред болниците затоа што не можат да го земат лекот и терапијата која што им следува, со неразрешени убиства, со судии и обвинители кои што две години се прислушуваат во црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски, со намесени тендери во четири очи, со нарачани обвиненија и договорени судски пресуди, со нула реформи во  реалноста и многу други желби на хартијата. Нема Европа ниту во јуни 2018 ниту пак  Европа ќе има во јуни 2019 затоа што тргуваат со правото и правдината затоа што не може во Европа да се оди ако се амнестираат криминалци, во Европа се оди ако си чесен, честит , вреден и искрен човек само така се оди во Европа.

А  за Зоран Заев, нити честитоста, нити искреноста, нити чесноста се карактерни особини, тоа е обичен аболиран политичар кој што има единствена цел колку повеќе да стрпа во сопствениот џеб, да украде од граѓаните на Република Македонија и во еден момент рака под рака со семејството и групата негови соработници како во мафијашките филмови конселиера да избега од државата, но ќе дојде денот кога ќе го платите цехот во првите шест месеци од мандатот од новата влада ќе се позанимаваме за сите овие злодела што и ги направивте на Република Македонија. 

Денеска е еден од многуте маршови кои што ќе ги правиме ширум Македонија. Ми велат кога ќе почнете да нудите само критикувате, ќе критикуваме се додека не ги претставиме пред јавноста не ги обелодениме сите лаги и сите нереализирани ветувања и неисполнети очекувања за да народот за да граѓаните во република Македонија кажат доста е на Зоран Заев и оваа група на лажливи политичари да не се случат повторно во Република Македонија и на политичката сцена во Република Македонија нас ни требаат искрени честити и чесни политичари кои што ќе работат петпати повеќе од Зоран Заев. Кои нема да бараат оправдувања во минатото кои што ќе се борат да обезбедат подобар живот за граѓаните кои што имаат методологија за тоа. Кои што можат и емпириски да ја докажат таа своја цел. Македонија технолошки тигар на Балканот.  Тоа е нашата визија тоа е мојот сон за мојата татковина ни повеќе ни помалку.

Велеа храбро, се перчеа ќе ги донесе Фејсбук и Гугл ќе работеле илјадници Македонци, секој ден ми севедочат луѓето сопственици на ИТ компании успешни Македонци , вака веќе не може го селат бизнисот во околните држави. Многу стручен и квалификуван кадар ќе остане без работа поради погрешната даночна политика на Зоран Заев. Голем број наши Македонци, граѓани на Република Македонија ќе останат без своите работни места но тие нема да очајуваат веднаш ќе најдат замена на пазарот на труд во високо развиените европски земји бидејќи тие таму се неопходни и потребни, но што ќе се случи прво ќе загуби македонската домашна економија, ќе нема раст на БДП и второ трајно ќе се иселат овие луѓе заедно со нивните семејства. Тоа не смееме да го дозволиме тоа е пљачката и капитулацијата која што ни ја подготвува Зоран Заев со новиот закон за зголемени даноци.

Најпрво национално не понижија ни ја одземаа гордоста македонска потоа сакаат економски да не до осиромашат за да може монархот да владее во неговата деспотија. Е тоа овој народ, Зоран Заев нема да ти го дозволи. И прво ќе те победиме на претседателските а потоа и на предвремените парламентарни избори. А потоа ќе одговараш ти и твоите соработници. Тука сме и ќе продолжиме да бидеме низ плоштадите на улиците на булеварите на Република Македонија горда пркосна и непокорна Република Македонија. И секогаш ќе му ги повторуваме нашите шест граѓански барања.

Прво веднаш неотповиклива оставка на Оливер Спасовски поради политичкиот прогон во кој што е извршител. Поради сите неразјаснети мистерии и убиства и криминалии што се случуваат и се случиле на улиците во Република Македонија. И конечно на крај поради тоа што шверцерски и  шпиунски ги слушаше обвинителите и судиите преку аферата Црниот Вотергејт . Оставка веднаш!

Второ оставка за човекот кој што својата нација ја нарече искомплексирана нација за кодошот за тастерот кој што си ја тастираше сопствената нација, нацијата која што плаќа даноци од кој што тој и неговото семејство живееле, живеат и претпоставувам ќе живеат.

Трето. Веднаш да се повлече одлуката за зголемени даноци и да престане осиромашувањето на и онака сиромашниот народ и граѓаните на Република Македонија.

Четврто. Формирање веднаш комисија која што детално ќе го анализира преслуша и систематизира материјалот собран од аферата Црниот Вотергејт каде што беа слушани обвинители и судии, да видиме и да слушнеме како нобеловецот доби ослободителна пресуда за поткуп и како се нарачуваа обвиненија и пресуди за членови сегашни и поранешни и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и како се нарачува пресуда за укинување на ВМРО-ДПМНЕ затоа што сите тие знаат се додека ВМРО-ДПМНЕ постои  дамагловиот меч за право и правдина надвиснат над неговите глави. Ќе дојде тој ден и тој ден ќе ве потсетиме повторно  за ова што сега го збориме

Петто ветувавте гасификација најзагадена општина со најзагаден воздух е ѓомити гасифицираната Струмица и втора по ред Куманово. Нити ги гасифициравте нити знаете како тоа се прави но затоа сте виртуози и махери да направите тендери од каде што вие и вашите блиски ќе имаат најголем бенефит  да стрпате во џеб  за тоа сте махери ама барем продолжете го проектот за гасификација на Македонија за да можат граѓаните да дишат чист воздух и да можат најмалите најмилите да се развиваат во здрава средина тоа е нашето петто барање.

И шесто. Почитувајте ја волјата на граѓаните јасно искажана на 30 септември дека вака не може. Вака не бива затоа почитувајте ја волјата на граѓаните јасно изразена на 30 септември 2018 година.

Почитувани браќа и сестри сопатници во овој пат крајот јасно се гледа а крајот е кога ќе го видиме Зоран Заев поразен со подвиткана глава, ќе го видиме на крај јас го гледам поразен понижен со подвиткана глава.  Но исто сакам овде од градот Прилеп од градот херој од градот на непокорот на пркосот да им порачам на оние јунаци тројца кои што носеа маски пред некој ден и кој што нападнаа недолжен човек пред некој ден пред неговиот дом само затоа што неколку дена претходно го критикувал Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев. Знаеме кои сте, ќе дојде денот кога ќе ги извадите маските и кога ќе плачете и молите за тој грев што сте го сториле  ние ќе ви простиме, но дали човекот кој што има тешки телесни повреди ќе ви прости. Кукавици едни, срам да ви е, тројца со маски 60 годишен човек нападнавте. Тоа ли се битангите кои што треба право и правдина да спроведуваат во оваа држава? Тоа се битангите кога ќе затаи Русковска обвинителството и Кацарска судството ќе делат право правдина.  Ве знаеме кои сте, запаметете го денот и живејте во стравот и неизвесноста за вашата иднина. Овој народ тоа што го нападнавте тој човек нема да ви прости.

Браќа и сестри, сопатници почнавме како поток, потокот стана река, реката полека станува се поголема и е на устието со морето. ВМРО-ДПМНЕ ќе надојде како надојден Вардар најпривин на претседателските избори, заедно со Коалицијата За подобра Македонија, а потоа ќе ги оддува како „киша око  Крагуевца“  што би рекол овој закокукулен, мумулен политичар и ќе си ја врати државата онаму каде и е местото, кај граѓаните кај народот.

Тие создадоа црнила и темнина, ние имаме должност и обврска да се обврземе овде дека ќе ги разнесеме и црнилата и темнината.  Ќе ја донесеме зората, а зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин. Секој граѓанин да има подеднаква шанса, да ги вратиме оние кои што си отидоа од Македонија.

Имаме методологија и можеме емпириски да докажеме дека тоа што го зборуваме, тоа и ќе го направиме со  јасни рокови, а веќе во скора иднина ќе почнеме и со презентација на нашата понуда. Но дотогаш ќе го потсетуваме секој еден граѓанин за сите злодела, за сите неисполнети ветувања, за сите нереализирани очекувања на Зоран Заев содржани во програмата „живот“ а всушност мислеше пекол. Ќе го потсетуваме се додека не му стане здодевно да го слуша тоа.

Зората браќа и сестри ќе дојде за секој еден од нас и за овие луѓе овдека припадниците на МВР. Им ветуваа 5%, 10% па им даваа донации чизми од  1948-мата година. Денеска ми кажаа началникот одел пред нас со пиштолот обесен на реверот. Ова е наш народ, ние сме ваши браќа и сестри, луѓе што ве сакаат што ве почитуваат, комшии, соседи, роднини. Ја имате нашата почит вие, а не тие во оваа зграда и во министерството во кое што работите. Но ние сме тука, ќе дојде зората за секој од вас. Ќе дојде зората и ќе направите разлика од темнината и од црнилата што ви ги донесе Зоран Заев и неговите пајташи, и зората која што оваа група Македонци ќе ја донесе на следните парламентарни избори.  Затоа браќа и сестри наши, да ни е жива и здрава Македонија не заборавајте тоа, вие сте припадници на МВР на Македонија ни повеќе ни помалку.

Да ни е жива и здрава и вековита Македонија. Да си ја сакаме Македонија и никогаш тоа да не го заборавиме. Да си ја сакаме македонската нација, да ги почитуваме и Албанците и Турците и Ромите и Србите и Бошњаците и Власите и сите чесни и честити граѓани. 

А ние граѓаните да ни е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија!

Да сте ми здрави и живи сите!

Се гледаме многу скоро Ви благодарам од срце.

22 декември, 2018 - 16:07